НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Србија подготвен План за кризи за обезбедување експертска поддршка на вработените, децата и родителите

0
By Marta Pesevska on May 7, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: МИА архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование, Министерството за здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза во заедницата, Филозофскиот факултет, Друштвото на психолози на Србија, Училишниот тим за кризни ситуации и вработените во ОУ „Владислав Рибникар“ подготвија План за интервенција во кризи. Планот предвидува организирано обезбедување стручна индивидуална и групна поддршка на вработените, децата и родителите, организирано враќање и подготовка на децата за враќање на училиште, кој МИА во целост го пренесува, јави дописникот од Белград.

Организираната професионална, индивидуална и групна поддршка започна вчера и во наредниот период ќе ја обезбедуваат психијатри и психолози од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија, Здружението на психолози во термини што ќе се достават до родителите.

Формиран е Училишен тим за интервенција во кризи кој ќе го организира враќањето на учениците на училиште и ќе ги информира родителите за деталите преку редовни канали за комуникација. Со цел да се подготват учениците за враќање на наставата, ќе се одржат состаноци на Советот на родители, Советот на наставници и родителски средби со родителите на учениците од паралелките кои беа најдиректно нападнати.

Учениците ќе се вратат на настава следната недела, во циклуси, почнувајќи од среда, 10 мај. Од понеделник, 8 мај и секој нареден ден, ќе се организира прием, односно продолжен престој за учениците од прво до четврто одделение.

Планот за активности ќе биде приспособен на потребите во текот на неделата, а Министерството за образование и Министерството за здравство ќе му дадат советодавна и стручна поддршка на училиштето.

Стручна поддршка ќе биде дадена во музичките и балетските училишта кои ги посетуваа трагично настраданите ученици, како и во училиштата во Смедерево и Младеновац, каде ќе се формираат Училишни кризни тимови и ќе се обезбеди стручна психолошка поддршка за учениците, вработените и родителите.

Исто така, министерот за образование Бранко Ружиќ и министерот за државна администрација и локална самоуправа Александар Мартиновиќ се договорија локалните совети за безбедност, во кои се вклучени сите државни сектори и јавни служби на локално ниво, да бидат вклучени во поддршката на учениците, нивните родители, вработените и во сите училишта во Србија, бидејќи без оглед на тоа што многу деца не биле вклучени во настанот, веќе имале сознание, и можат да покажат одредени реакции на трауматичниот настан, за што е потребна поддршка од заедницата.

Извор: МИА

деца план за кризи Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.