НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Основниот суд во Кочани недостигаат четири, а во Виница двајца судии

0
By Соња Крамарска on May 8, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основните судови во Кочани и Виница се соочуваат со сериозни тешкотии во работењето поради недостиг од судии, иако обемот на работа во изминатиот едногодишен период не им е намален.

Во Основниот суд Кочани, кој има проширена надлежност и за дел од соседните општини, од предвидените десет во моментот се вработени осум судии, а еден од нив истовремено е и претседател на судот. Проблемот е многу поизразен затоа што двајца од судиите се делегирани на работа во основните судови во Виница и Берово, што значи дека и за кривичните и за прекршочните постапки на територијата што ја покрива институцијата ангажирани се само шест судии, односно еден судија работел на околу 5.600 жители.

„Состојбата уште повеќе ќе се усложни кон крајот на оваа година затоа што во септември еден судија ќе замине во пензија. Според најавите од Судскиот совет очекуваме во наредниот период да добиеме еден судија, но неговото активно вклучување во постапките веројатно ќе потрае извесен период поради завршување на потребните процедури“, истакна Марија Стојанова, судски администратор во Основниот суд во Кочани.

Во текот на 2022 година Основниот суд Кочани за решавање имал 14.461 предмет од кои до крајот на годината незавршени останале 2.291 предмет. Неговото работење е оценето како неажурно, со оглед што не бил решен новиот прилив од 268 предмети.

„Во Основниот суд Виница, наместо потребните тројца имаме само еден судија кој истовремено е и негов претседател. Решавањето на предметите се одвива отежнато, а извесно олеснување во реализацијата е работењето на делегираниот судија од Основниот суд во Кочани. Минатата година започна со 4.886 предмети од кои до крајот на декември нерешени останаа 551, но работењето е оценето како ажурно затоа што е намален бројот на заостанати предмети од порано“, истакна Коле Илијев, одговорно лице за односи со јавноста во виничкиот суд.

Виница Кочани судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.