НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОН: Се подготвуваат препораки за побезбедни училишта и спречување на врсничкото насилство

0
By Ана Василевска on May 12, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за образование и наука подготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство. Основа на процесот се заклучоците што произлегоа од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата, каде заедно со наставниот кадар и стручните служби се анализира безбедносната состојба, соопштија од МОН.

„По финализирањето на препораките, истите ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојуваат на следната седница. Во меѓувреме, секој конструктивен предлог е добредојден и може да биде дел од планот за одржувањето на мирот и безбедноста во училиштата и во градењето на средина, каде учениците ќе бидат фокусирани единствено на стекнување знаења и вештини, а насилството нема да биде тема“, се наведува во соопштението.

Паралелно, како што се додава, МОН го продолжува процесот на консултации, со вклучување на повеќе општествени чинители, кои можат да помогнат во креирањето на сеопфатни протоколи за подигнување на безбедноста во училиштата и прирачници за постапување во случај на детекција на меѓуврсничко насилство.

„Во меѓувреме и понатаму активни остануваат електронските адреси prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk, каде може да се пријавуваат случаи на насилство во училиштата. Досега пристигнати се 20-тина пораки, од кои дел се од поранешни професори во форма на сугестии за тоа како да се спречи насилството во учлиштата, а има и пријави од ученици кои претрпеле одредена форма на насилство, за што надлежен за постапување е Државниот просветен инспекторат“, истакнуваат од МОН.

безбедност на учениците врсничко насилство МОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.