НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Заканувачките пораки на ученици во нашите училишта се рефлексија од случувањата во соседството

0
By Marta Pesevska on May 13, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пријавите и заканите од страна на ученици во нашите училшта се рефлексија на случувањата во нашето соседство. Станува збор за едно детско невнимателно однесување кое сепак предизвикува реакции, посочи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој денеска коментирајќи ги заканувачките пораки на ученици во нашите училишта рече дека за секој еден случај се постапува. Информира дека засега не пронашле сериозност во пораките, но дека превентивно се постапува и се преземаат потребните акции за секој случај.

-За секој случај кој што е идентификуван за секој се реагира, се постапува со социјалните служби, со раководството на училиштата, родителите во истиот момент и засега немаме состојба која укажува на сериозност во намерата да  биде преземено било што, меѓутоа превентивно во секој момент кога ќе дознаеме било каква информација веднаш реагираме, изјави Сапсовски.

Испрати апел до родителите и до учениците за сериозно и одговорно однесување, а на раководставта на училиштата им порача да го подигнат степенот на одговорност и внимание. Оцени дека случувањата во Србија ја подигнале свесноста кај сите.

-Ова што се случуваше во соседството ја подигна малку јавната свест кај сите нас за заеднички да делуваме. Ова е многу важно од семејството преку образвовните институции па до секој еден од нас и медиумите секкао да ја подигнеме јавната свест, рече Спасовски.

Тој истакна дека Министерството и пред случувањаат во Србија преземало активности, односно веќе постојат механизми насочени кон безбедноста на учениците, а тие механизми биле засилени по дојавите за поставени бомби во училишните објекти.

-Секоја недела еднаш се прават опсежни контроли кои подразбираат контрола на лица, возила, безбедноста на сообраќајот се со цел да превенираме одредени активности и тоа дава извонредни реулзтати барем досега. Се покрена иницијатива пред сите овие случувањазаедно со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, токму во овој дел на преземање на други мерки кои би значеле дел од работа на социјалните служби и поврзување со Мининистерството за внатрешни работи заради безбедноста, се со цел да се работи со лица, ученици кои што немаат добро поведени или можат да направат одреден безбедносен проблем или нарушување на безбедноста, заклучи Спасовски.

Заканувачките пораки на ученици Спасовски Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.