Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сопственикот на „Доказ“ бара изземање на обвинителот Рајчев, тврди дека му праќал информации да објавува

0
By Соња Крамарска on May 17, 2023 ВЕСТИ
фото: скриншот/архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 17, 2023 14:39

Во Апелацискиот суд Скопје денеска се одржува јавна седница за првостепената пресуда за сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски, со кој беше осуден на три години и еден месец затвор за повеќе кривични дела.

Седницата започна, но набргу се прекина бидејќи Стаменковски побара да се изземе обвинителот Сашо Рајчев од Вишото јавно обвинителство кое е надлежно да го застапува предметот пред второстепениот суд. Стаменковски тврди дека соработувал со Рајчев на дел од предметите за коишто му се суди, односно дека добивал информации од обвинителот.

„Барам да се изземе почитуваниот обвинител поради судир на интереси, бидејќи, според мои сигурни информации, лицето Сашо Рајчев има праќано информации коишто се дел од предметите за што ме судите, но и за предмети за кои претседателот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, има барано извинување од мене, но и за други предмети“, рече Стаменковски.
Рајчев, пак, негираше и рече дека ниту го познава сопственикот на „Доказ“ ниту некогаш го читал порталот.
„Обвинетиот ниту го знам, ниту го познавам, ниту некогаш сме комуницирале со него на кој било начин и денеска искажаните наводи во целост се невистина. Воедно ќе кажам и тоа дека ниту сум го читал порталот преку кој објавувал текстови, за кои денеска е обвинет, со оглед да немам профили на социјалните мрежи, ниту сум го следел на друг начин“, одговори обвинителот Рајчев.

За барањето на Стаменковски, треба да одлучи шефот на Рајчев, Хајрулахи за кој Стаменковски објавуваше текстови а денеска рече дека добивал информации токму од обвинителот Рајчев. По донесувањето на одлуката, јавната седница треба да продолжи.

Првостепената пресуда за сопственикот на „Доказ“ беше донесена на 4 април, а покрај затворската казна тој доби и парична од 5 илјади евра и забрана во наредните 10 години да врши дејствија поврзани со делата, односно да регистрира домен за интернет-портал во земјава, а сите досега регистрирани се бришат.

Стаменковски беше прогласен за виновен за пет кривични дела – две за ширење расистички и ксенофобичен материјал и едно дело: уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци.

 

Апелациски суд јавна расправа Марјан Стаменковски Сашо Рајчев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.