Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) ЦО на СДСМ: Време е за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат

0
By Jane Gjorgioski on May 18, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 18, 2023 23:58

„Во клучни моменти за државата Македонија доби силна поддршка за продолжување на европскиот пат од нашите најголеми и најважни стратешки партнери, САД, за време на посетата на премиерот Димитар Ковачевски. Централниот одбор цени дека оваа поддршка од САД за целосно заокружување на процесот за членство во ЕУ е исклучително важна за иднината на земјата и на сите наши граѓани“, истакна портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека Централниот одбор на СДСМ смета дека поддршката за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега. Затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме дали и кога ќе ја добиеме повторно.

„Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ. Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.

Оттука, Централниот одбор на СДСМ донесе неколку заклучоци:

Како одговорна и државотворна партија, сè што е до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе биде направено за да продолжи напредокот кон Европската Унија.

Во оваа насока Централниот одбор го задолжи претседателот на партијата да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат.

Членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именувани носители на јавни функции од СДСМ се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ќе ги информира сите политички партнери од владината коалиција за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат.

Започнатиот процес на неопходни реформи, измени, мерки и активности СДСМ ќе ги спроведе во интерес на граѓаните и државата, заедно со своите коалициски партнери.

СДСМ ги повикува сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат.

Заедно да обезбедиме глас за Европа во македонското Собрание. Тоа ќе биде глас на мнозинството за македонска европска иднина“, истакна Кузеска.

Богданка Кузеска СДСМ ЦО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.