НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Детали за големата регионална иницијатива за трансформација на економијата во Западен Балкан

0
By Ана Василевска on May 22, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Џабир Дерала и Бибе Јордановска
Џабир Дерала и Бибе Јордановска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големата регионална иницијатива, Недела на циркуларна економија на Западен Балкан, започна денеска, 22 мај, со активности низ целиот регион под мотото „Партнерство за циркуларност“. Иницијативата ја спроведува регионалната мрежа ЛогЕкс, мрежа од повеќе од десет значајни граѓански организации, експерти и бизниси низ целиот регион. Мрежата ЛогЕкс е формирана по иницијатива на угледната тинк-тенк организација Балкан Форум од Косово, со поддршка од Rockefeller Brothers Fund од САД.

ЦИВИЛ одржа онлајн презентација во својот прес центар, на која ги презентира деталите за активностите што се организираат во Северна Македонија, како и низ целиот регион.

Како што информираа од ЦИВИЛ, утре, 23 мај, во хотел Сити Парк, со почеток во 10 часот, се одржува регионалната конференција „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ со учество на високи претставнички и претставници на македонската влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот. Настанот е дел од регионалната програма на иницијативата за цел Западен Балкан.

Активностите на ЦИВИЛ за време на регионалната иницијатива не престануваат тука. Во текот на наредните денови, на медиумската платформа на организацијата ќе бидат објавени повеќе документарни прилози за позитивни примери за примена на принципите на циркуларната економија во бизнис секторот во нашата земја.

Излагањата на учесничките и учесниците на конференцијата, како и посебни авторски прилози напишани специјално за ЦИВИЛ, ќе бидат објавени во публикацијата „Визии за зелена иднина“ на македонски, албански, англиски и босанско-хрватско-српски.

На крајот од неделата на регионални активности, ЦИВИЛ ќе подготви документ со препораки што ќе бидат доставени до релевантни институции на локално и централно ниво, како и до низа други засегнати страни.

На презентацијата на ЦИВИЛ беше соопштена и агендата на утрешната конференција. Во првата сесија „ Трансформација на економијата на локално и национално ниво: Стратегии, предизвици и перспективи на циркуларната економија“ учествуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и Министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.

Во втората сесија „Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан – Регионални искуства“ ќе учествуваат Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, Косово, Селена Агатоновиќ од Иницијативата за правата на младите, Србија, Самир Бехариќ од БиХ и Газменд Берлајоли од Косово.

Во третата сесија „Иновациите во бизнис секторот и циркуларната економија: Позитивни примери за иднината“ ќе говорат претставниците од бизнис секторот и тоа: Филип Ивановски, Пакомак, Аријан Тоска, МДЦ-Трговија и инвестиции и Живко Серафимовски, Нутривет.

Во четвртата, завршна сесија, ќе говорат потпретседателката на Сојуз на стопански комори, Габриела Кулибанова на тема „Проценка на капацитетите за развој на циркуларната економија во Северна Македонија и регионот на Западен Балкан“, главната уредничка на Градска.мк, Соња Танеска на тема „Медиумите и циркуларната економија“ и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на тема „ Влијанието на руската агресија против Украина врз економските трендови и можностите за развој на циркуларната економија“.

Модераторка на сите четири сесии на Конференцијата е Биљана Јордановска, координаторка во ЦИВИЛ и одговорна уредничка на Green CIVIL. На крајот од секоја сесија има можност за две прашања или коментари до две минути.

Неделата на циркуларната економија е уникатна регионална иницијатива, преку која мрежата ЛогЕкс (LogEx), придонесува кон трансформацијата на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање и спроведување на циркуларна економија.

Извор: ЦИВИЛ

Недела на циркуларна економија регионална иницијатива за трансформација на економијата во Западен Балкан Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.