НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Свет со љубов“: Повеќе од 200 илустрации на автори од Хрватска и од Македонија на ЛИТЕРА 2023 во Музеј на град Скопје

0
By Ана Василевска on May 23, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 200 илустрации ќе бидат изложени на 5. Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца ЛИТЕРА 2023 кој ќе биде отворен вечерва  (23 мај) во 19 часот во Музејот на град Скопје. Фестивалот годинава ќе се одржи под мотото „Свет со љубов“, а свечено ќе го отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Во рамките на петдневната богата програма, Музејот на град Скопје до сабота (27 мај) ќе биде епицентар каде ќе се одржуваат мастеркласови, работилници за професионалци и за деца, промоции, читање сликовници и многу други настани.

На 25 мај (четврток) ќе се одржи и конференција на темата „Македонска современа сликовица“, што ќе започне на пладне.

На ЛИТЕРА 2023 гостуваат тројца врвни илустратори од Хрватска: Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ Врачар и Бранка Холингсворт Нара. Ним им се придружуваат петтемина академски уметници од нашата земја Александар Иванов, Викторија Егорова, Гоце Илиевски, Калиопи Трпчева и Сања Симоска кои се пријавија на конкурсот на фестивалот и беа селектирани за големата изложба. За поддршка на македонската илустрација фестивалот ќе им откупи по едно дело.

Од тимот на ЛИТЕРА 2023 велат дека овој мал јубилеј на фестивалот ќе го одбележат со петдневно славење на професиoналната илустрација наменета за деца, сликовниците и литературата за деца.

„Во тоа ќе ни помогнат тројцата врвни илустратори и креативци од Хрватска. Нивното присуство на фестивалот е особено важно бидејќи преку мастеркласови и предавања своето искуство ќе го пренесат на младите илустратори и сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја. Особено ни е важно да ги поддржиме македонските професионални илустратори. Нè радува интересот на авторите кои учествуваа на конкурсот. Тоа е знак дека постои интерес за илустрацијата, но треба да им се даде вистинско место на авторите“, велат од тимот на ЛИТЕРА 2023.

Фестивалот „Литера“ е фокусиран на новите генерации. Преку квалитетна илустрација за деца ја развиваме визуелната култура на децата. Концептот на фестивалот е од отворен тип.

Фестивалот го поддржува Министерството за култура, Халкбанк, Ефектива, Органик нар, Умно.мк и други.

Бисера Костадиновска - Стојчевска ЛИТЕРА 2023 Музеј на Град Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.