НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицотакис не очекувал толку голема разлика меѓу Нова демократија и СИРИЗА

0
By Ана Василевска on May 25, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Кирјакос Мицотакис
Кирјакос Мицотакис
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сигурен бев дека ќе оствариме голема победа, но ако ме прашувате, со рака на срце, дали очекував толкава разлика помеѓу Нова демократија и СИРИЗА, храбро ќе кажам „не“, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.

На изборите во неделата, Нова демократија победи со 40,79 проценти од гласовите, 20 отсто повеќе од СИРИЗА, а Мицотакис вели дека никој не можел да предвиди, дека неговата партија ќе има повеќе од двојно поголем процент од втората партија и дека ќе го зголеми не само процентот, туку и бројот на гласови.

„Сигурно беше пријатно изненадување. Изненадување, кое сепак, освен првичното задоволство, морам да Ви кажам дека ме исполнува со многу поголема одговорност за иднината, бидејќи ја чувствувам тежината на довербата на граѓаните“, рече Мицотакис.

Сепак, потенцираше дека грчкиот народ мора на следните избори да и даде нова силна поддршка на Нова демократија за повторно да победи со силно мнозинство, бидејќи токму следните избори се одлучувачки за тоа кој ќе управува со државата во следните четири години.

„Како што многупати имам кажано, на секои избори гласачката кутија е празна. Треба повторно да се наполни со многу гласачки ливчиња на Нова демократија, доколку граѓаните сакаат да ја потврдат одлуката што суштински ја донесоа на претходните избори“, рече грчкиот премиер и претседател на Нова демократија.

Со оглед на тоа дека попладнево свечена заклетва ќе положи новиот, привремен грчки премиер, интервјуто за „Алфа“ беше последно за Мицотакис од Премиерската палата, но изрази надеж и амбиција дека по изборите на 25 јуни ќе се врати во истата канцеларија.

Избори во Грција Кирјакос Мицотакис Сириза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.