НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дачиќ: Односите со Северна Македонија се релаксирани од разни негативни влијанија и дезинформацииа

0
By Ана Василевска on May 25, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Османи-Дачиќ
Османи-Дачиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на прес-конференцијата во Белград со преседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи, изјави дека односите со Македонија се во нагорна линија и релаксирани од разни негативни влијанија и дезинформации, јави дописникот на МИА.

„Дозволете да го истакнам нашето големо задоволство од напредокот на односите со Северна Македонија, тие се релаксирани од разни негативни влијанија и дезинформација и погрешни интерпретации, и тие се во нагорна линија.Важно ни е учеството на Македонија во Отворен Балкан, и се согласувам со Бујар Османи што тој смета дека ова не е само економска иницијатива, туку и иницијатива за чекор напред кон помирување во регионот. Мислам дека е многу важно Северна Македонија, Албанија и Србија да продолжат со оваа иницијатива и како што самото име, кажува Отворен Балкан и отврен и за други во него да земат учество“, изјави Дачиќ.

Тој изрази задоволство од надворешно трговинската рамена од милијарда и пол евра со Северна Македонија и дека треба уште повеќе да се работи за заемната заштита на културните добра, спомениците и сето останато.

Дачиќ додаде дека позитивна агенда во односите е продолжувањето на заедничките владини седници и активностите кои се однесуваат на иницијативата Отворен Балкан.

Српскиот министер за надворешни работи говорејќи за средбата со председавачот на ОБСЕ, министерот Османи, кажа дека ја рабира сложеноста во работењето на ОБСЕ, носењето на одлуки со консензус и изрази жалење што ОБСЕ не ги следеше изборите на Косово. Тој го потенцираше прашањето на Србите во Косово и резервите што ги има ОБСЕ за избор на нов преседавач за наредната година.

Министерот Османи на прес-конференцијата по средбата со Дачиќ изјави дека ОБСЕ ги подржува реформските процеси, борбата против корупцијата и регионалното помирување, а дијалогот е ефикасно средство што се огледа и преку примерот со Северна Македонија,

„Ние никогаш не можеме да престанеме да разговараме за работи кои се важни и за дијалогот на Белград и Приштина со посредство на ЕУ, драго ни е што бевме домаќини на Охридскиот договор, кои ќе допринесат за продолжеток на овој процес и на регионаланта стабилност. Оваа подршка ќе ја повторам и утре кога ќе бидам во посета на Приштина. ОБСЕ себе се гледа како платформа за промоција на човековите интереси и наш фокус е мирот и просперитетот“, изјави Османи во Белград.

Бујар Османи Ивица Дачиќ отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.