Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Сега е моментот да се види кој на што е посветен

0
By Нова ТВ on February 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 24, 2013 21:13

Жалам што не успеа последниот обид за излез од ситуацијата, на ден пред завршувањето на рокот за поднесување листи за локалните избори, кој подразбираше вклучување на поголем пакет прашања што би се разгледувале од експертската комисија.

Комисија која требаше да даде и препораки за подобрување на системот, препораки чие натамошно имплементирање ќе гарантираше дека вакви нешта нема да се повторат, истакнува претседателот Ѓорге Иванов во интервју за мкд.мк

Претседателот открива дека имал уште најмалку една средба со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, и неколку телефонски разговори, кои за жал завршиле неуспешно.

Според претседателот Иванов, овие случувања најмногу ѝ одат во прилог на Грција, која со ова добива уште еден аргумент во блокирањето на македонската интеграција во ЕУ.

„Крупните работи во политиката некогаш се случуваат зад сцената. Ако нема официјални најави за средби, тоа не значи дека тие и не се одржуваат. Целта е од тие средби да има резултат, успех, поместување и приближување на позициите“, вели претседателот Иванов, в интервју за порталот mkd.mk.

-Сепак, факт е дека процесот во голем дел зависи од самите нас. Сега е моментот кога треба да се покаже политичка волја, зрелост и доблест за демократски, а не за девијантен начин на дејствување. Сега е моментот да се види кој на што му е посветен. Дали на личниот, на партискиот или на државниот интерес“, изјави претседателот Иванов.

Во меѓувреме експресна реакција од СДСМ. Според најголемата опозициска партија, „Иванов да бил вистински претседател на државата ќе реагирал веднаш после случувањата на 24 декември и на суспендирањето на демократијата и рушењето на правната држава“.

„Затоа, со неговото денешно интервју тој уште еднаш потврди дека е обичен статив и марионета на Никола Груевски“, се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.