НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Месиќ: Македонија одамна мораше да биде членка на ЕУ

0
By Ана Василевска on May 31, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Стипе Месиќ
Стипе Месиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите земји од Западен Балкан се на непотребно долг пат кон членството во Европската унија. Македонија веќе одамна мораше да биде членка на Унијата и затоа  ја повикувам претседателката на Европската комисија да стори се со цел кон Унијата што побрзо да и се придружат земјите од Западен Балкан и да покаже повеќе емпатија за граѓаните и граѓанките во овој дел од светот. Видовме од примерот со Украина дека патот кон Европа мора да биде и побрз.

Тоа го порача поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, кој денеска со претседателот Стево Пендаровски учествува на Македонскиот енергетски форум 2023, споделувајќи ставови за енергетските и политичките состојби и предизвици за државава и регионот.

Според Месиќ, наједноставната порака за државава е да се исполнат стандардите и условите од Европската унија, за да се забрза зачленувањето во ЕУ.

Сегашната Европа во ЕУ, оцени тој, е малку уморна од здружувања, а земјите кои не се влезени во ЕУ се уморни од чекање.

„Атрактивноста на ЕУ помалку избледнува и тоа не е добро, бидејќи творците на ЕУ беа лидери и знаеја што сакаат. Денес, мора да ми простите, но не гледам вистински лидери, ниту во Европа, ниту во светот, тоа се бирократи во Брисел со големи плати, но не гледам резултати. Наместо да се забрза влезот на земјите кои чекаат и да им се помогне што побрзо да влезат во ЕУ се губи атрактивноста“, рече Месиќ.

Творците на ЕУ, потсети тој, замислиле цела Европа да се здружи, да се отворат границите и да соработува меѓу себе, со што би се исклучува војната како политичко средство.

„Денешното раководство на ЕУ малку го забавува, наместо да го забрза влезот на другиот дел од ЕУ, за Европа да стане континент на мир и соработка. Треба да се забрза влезот во ЕУ. Европа ќе стане голем играч само ако е здружена и што е најважно тоа ќе биде континент на мирот. Дали се за тоа свесни тие што во Брисел и надвор од Брисел е друго прашање, но според она што се презема јас немам чувство дека  некој размислува за тоа“, посочи Месиќ.

Посочувајќи дека геополитичката криза ја продлабочи енергетската криза, поранешниот хрватски претседател рече дека се донесуваат тешки одлуки и членките на Унијата се подготвуваат за некое ново време.

„Јас навистина ја поддржувам европската независност на енергијата, но начинот на кој таа сега се гради и убиецот на геополитиката, ја става Европа во позиција на некоја нова енергетска зависност со таа разлика што некои енергенси сега ги плаќаме четири пати поскапо. Тоа не е долгорочно решение и е закана за глобалната конкурентност на ЕУ. Разбирам дека Унијата мора да биде амбициозна во решавањето на прашањата за енергетска независност и дека секоја земја мора да ја одигра својата улога, но мора да биде и флексибилна, бидејќи различни земји имаат и различни енергетски околности и економска вистина. Ниедна земја во нашиот регион не би смеела да биде жртва на таа нова политика на енергетска независност која ја води Брисел, ниту сега ниту во следните 10 години“, рече Месиќ.

Според него,  Европската унија треба да препознае дека оваа транзиција создава нови проблеми и нова сиромаштија на ранливите европски земји во ЈИЕ и оти мора да прифати и своја одговорност. Унијата би морала на земјите од ЈИЕ да им осигура еднаква и долгорочна помош на сите облици прилагодени на нашиот регион за нова енергетска независност.  На тоа треба да се гледа првенствено како на вложување во економската стабилност во овој дел од Европа кое Брисел не знам од кои причини го гледа како простор од втора класа на геополитичка важност за својата стабилност. Тоа е погрешна хиерархија, наведе Месиќ.

Фокусот на шестото издание на МЕФ е зелената транзиција и енергетската отпорност.

ЕУ Западен Балкан Стипе Месиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.