Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражувањата на локалитетот Влахо потврдуваат дека е една од најраните неолитски населби во Европа

0
By Ана Василевска on June 5, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Локалитет Влахо
Локалитет Влахо
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 5, 2023 10:40

Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека во тек  се истражувања на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија кои, како што наведува, даваат одлични резултати за едни од првите земјоделски заедници во Европа.

Мултидисциплинарните истражувањата  вклучуваат археолошко ископување во јужниот дел на оваа голема неолитска населба, геомагнетно скенирање на северната периферија, како и археоботанички, археозоолошки и хронолошки анализи кои се одвиваат во лабораториски услови.

„Годинашните ископувања во археолошката сонда го потврдуваат автентичниот карактер на оваа импресивна предисториска населба, во коja се откриени повеќе правоаголни и овални градби, ровови, структури, врвно изработена керамика и алатки од камен и коска. Некои од откриените архитектонски структури претставуваат уникатна појава во македонскиот неолит, што дополнително го потврдува раното населување на земјоделските заедници во овој регион и нивната врска со популациите од Анадолија и Блискиот Исток. Најновите сознанија од радиокарбон анализите на градинарски култури и животни, посочуваат дека локалитетот Влахо е формиран околу 6400-та година п.н.е. што воедно го прави и една од најраните неолитски населби во Европа. Со тоа се потврдува дека уште во најраните почетоци на неолитот се присутни доместицирани форми на житарици, леќа, грашок, говеда, овци, свињи итн. Пронајдените артефакти дополнително ги потврдуваат високите технички дострели на жителите на оваа неолитска населба што се рефлектира во импресивните керамички садови и нивното декорирање“, информира Центарот за истражување на предисторијата.

Поради својата уникатност во рамки на просторната организација сочинета од десетина ровови, како и поради мошне раното датирање, локалитетот Влахо предизвикува големо внимание во светската археолошка јавност, што резултира со публикации во еминентни научни списанија и предавања на повеќе европски универзитети.

-Во текот на истражувањата, локалитетот го посети и амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, кој го истакна значењето на Влахо за европската археологија, како и итната потреба од  негова заштита и континуирано истражување. Овој локалитет неодамна се соочи со катастрофално оштетување поради ископување јаглен што предизвика бурни реакции во домашната и светската јавност, и беше на време спречено поради брзата интервенција на Центарот за истражување на предисторијата, Завод и музеј – Битола, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за култура и Основното јавно обвинителство – Битола. Најновите откритија при овогодишните истражувања уште повеќе го потенцираат уникатниот карактер на археолошкиот локалитет Влахо, кои следната недела ќе бидат претставени на предавање на Слободниот универзитет во Берлин, наведува Центар за истражување на предисторијата.

Мултидисциплинарното истражување на Влахо претставува повеќегодишна континуирана соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и музеј – Битола, а во соработка со истакнати стручњаци од Германскиот археолошки институт, Универзитетот во Базел, Шпанскиот национален совет за наука, Универзитетот во Белград, Јагиелонскиот универзитет, Археолошкиот музеј на Македонија, Институтот за старословенска култура и Завод и музеј – Прилеп. Теренското и лабораториското истражување на овој локалитет се подржани од германската Фондација за проучување и заштита на тумбите, а анализите од македонското Министерство за култура.

Центарот за истражување на предисторијата посочува дека во тек се подготовки на публикации со најновите сознанија за Влахо, кои го следат текот на негово научно афирмирање во врвни европски, американски и македонски списанија и конференции.

археолошки локалитети Локалитет Влахо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.