Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Белград отворена изложба на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 6, 2023 11:31

Во Галеријата на Педагошкиот музеј во Белград е отворена изложба на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“ на уметницата Искра Пенева во рамки на манифестацијата на 13. Денови на македонската култура во Белград, „Допирот на Македонија“. Поставката се состои од триесетина фотографии направени во периодот 2011-2014 година на повеќе локции на брегот на Охридското Езеро – Свети Наум, Пештани, Трпејца, Заливот на Коските, Охрид, Вевчани и Радожда, јави дописникот на МИА од Белград.

Изложените фотографии – меѓу кои „Спирален сон“, „Смирување на денот“, „Патување“, „На покривот на светот“, „Галичица“, „Патот на црниот сон“, „Билјана“, „Немир“, „Бакнеж“, „Пристаниште“, „Дома“, „Ќе те следам“…, го запознаваат гледачот со универзална приказна што може да се однесува на сите луѓе.

Ако фотографијата е поезија што се гледа, а не може да се чуе, тогаш поезијата е слика што може да се чуе, но не и да се види, порача авторката на отварањето на изложбата.

„Изложбата има две димензии. Првата се однесува на фотографии-разгледници на убавините на Македонија и Охридското езеро. Вторта димензиија  е потрага по љубовта, по нејзините нераскинливи нишки, по мирното пристаниште… Го следам патувањето на еден млад човек кој на фотографиите е претставен со чамец. Тој патува низ светот, а светот е езеро. Различни пејсажи и градови низ светот се овековечени на фотографии“, изјави Искра Пенева.

Пенева е родена во 1980 година во Белград, дипломирала на Математичкиот факултет во Белград, каде што и живее и работи. Членка е на Друштвото на писателите на Србија и на Друштвото на новинари на Србија. Се занимава со поезија и фотографија, активно преведува од македонски на српски јазик, а освен тоа, создава и кратки музичко-поетски филмови.

Имала повеќе групни и самостојни изложби во Македонија, Србија и Хрватска.

Изложбата ја организираше Здружението „Македониум“ во соработка со Педагошкиот музеј, а беше поддржана од Градскиот секретаријат за култура на Белград.

„Бисерите на Охридското езеро“ Белград изложба Искра Пенева
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.