Високиот функицонер на ДУИ и шеф на македонската дипломатија Бујар Османи, во улога на портпарол на „интегративците“ му испрати порака на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека неговата партија е подготвена да го прифати неговото барање и да излезе од власта во замена за поддршка на уставните измени.
„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, напиша Османи на својот фејсбук-профил. Мицкоски по средбата со Ковачевски изјави дека било понудено ВМРО-ДПМНЕ да преземе пет министерски места, но дека неговиот услов, како што нагласи Мицкоски, е тоа да биде Влада без ДУИ.