Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесено обвинение против 11 диви копачи на културно наследство

0
By Соња Крамарска on June 9, 2023 ВЕСТИ
фото: илустрација
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 9, 2023 13:44

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 11 лица за злосторничко здружување. Првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела прикривање, оштетување или уништување предмети под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, изнесување во странство на предмети под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и незаконско изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како што соопшти државното Јавно обвинителство, петмина обвинети З.А.(39), М.С.(42), Г.К.(45), И.С.(48),и М.Џ.(37), освен за злосторничко здружување, се товарат и за оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости.

М.А.(32) и Д.Р.(36) се обвинети и за изнесување во странство на предмети под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај злосторничко здружување и прикривање, на обвинетиот Т.А.(58) му се става на товар и оштетување или уништување предмети под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, додека на Н.М.(48) – кривичното дело изнесување во странство на предмети под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Најмладиот Р.З.(28,) според обвинението, покрај  злосторничкото здружување е сторител и на кривичните дела оштетување или уништување на предмети под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и изнесување во странство на предмети под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Обвинителството информира дека во втората половина на 2021 година на територијата на државава, со цел вршење на наведените кривични дела и стекнување противправна имотна корист, обвинетите С.Џ., З.А. и Т.А. создале група во која припадници станале останатите обвинети и Д.П кој е во бегство.

„Групата станала функционална и нејзините припадници во периодот од 1 декември 2021  до 12 декември 2022 година неовластено истражувале археолошки локалитети, користејќи карти и рачно пишани текстови и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети. По пронаоѓање на локалитетите, со користење метал детектори обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување на предмети од културно наследство. Иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, археолошките и историските предмети ги присвојувале и ги криеле во нивните домови или на непознати локации и незаконски ги продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство, наведува Обвинителството.

Отуѓените предмети се со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, се сопственост на државата и се со исклучителна вредност.

„Со нивно одземање, обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата“, соопшти обвинителството.

кражба на археолошки предмети незаконски ископување на археолошки локалитети обвинение обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.