НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандија: ЕУФОР ќе интервенира во БиХ во случај на незаконско отцепување

0
By Gabi Tocko on June 10, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во случај на незаконско отцепување на еден од потписниците на Дејтонскиот договор, ЕУФОР, согласно мандатот на Обединетите нации, доколку активностите на ОХР не се доволни, ќе интервенира и ќе го спроведе договорот.

Ова е наведено во еден од одговорите на холандската Влада на групата прашања на Комисијата за надворешни работи во Парламентот на таа земја во врска со ангажманот на 164 холандски војници во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, пренесува „Независне новине“ од Бања Лука.

Тие, исто така, посочуваат дека меѓународната заедница разгледува неколку сценарија во случај Русија да одлучи да не го продолжи мандатот на оваа мисија на ноемвриската седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ ОН), но владата на таа земја оценува дека нема да дојде до блокада.

Необновувањето на мандатот на ЕУФОР во Советот за безбедност на ОН во ноември 2023 година може да претставува ризик, имајќи го предвид односот на Русија кон таа мисија и дестабилизирачкото влијание што таа земја се обидува да го насочи кон регионот. Меѓутоа, во моментов, ние проценуваме дека ризикот е ограничен затоа што операцијата во рамките на мандатот на ОН е веројатно поприфатлива за Русија отколку можните алтернативи. Доколку се случи руско вето, и ЕУ и НАТО развиваат различни сценарија, се наведува во одговорите.

Владата на Холандија во еден од своите одговори оцени дека приемот на Босна и Херцеговина во НАТО сега не е на дневен ред поради сложената ситуација во БиХ и лошата состојба на вооружените сили на земјата.

Г. Т.

БиХ ЕУФОР Интервенција отцепување Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.