НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борис Џонсон стана колумнист на Дејли меил

0
By Соња Крамарска on June 16, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон кој деновиве ја изгуби и пратеничката функција поради скандалот со забавите за време на пандемијата, ќе се врати на своите новинарски корени и ќе пишува неделна колумна за десничарскиот и најтиражен британски весник Дејли Меил.

Веста прв ја прошири американско-европскиот политички портал Политико кој се повика на три одделни извори кои му рекле дека гласините дека британски Дејли меил ангажирал нов колумнист кој е голем ерудит се однесуваат на Џонсон. Подоцна веста беше потврдена и од Дејли меил со дополнителна информација дека објавувањето на колумните почнува од утре и дека тие ќе бидат „задолжително четиво во Вестминстер“.

Според изворите на Политико хонорарот на Џонсон ќе биде шестцифрен.

Пишувањето колумни ќе му даде на Џонсон кој неделава беше предмет на остар извештај на парламентарниот комитет, платформа да го критикува својот горчлив ривал, премиерот Риши Сунак.

Колумната во „Мејл“ ќе биде првиот редовен новинарски ангажман на Џонсон откако тој се откажа од функцијата во „Дејли Телеграф“ во 2019 година. Сепак, уредниците на „Мејл“ како што се наведува не се пресреќни од веста за нивната нова колумнистичка ѕвезда.

Еден поранешен уредник на Џонсон, кој одби да зборува со име и презиме искоментира: „Тој пишува многу уникатно, чисто, елоквентно и живописно. Но друго прашање е дали колумните ги предава навреме и дали нивната содржина е тоа што претходно сме го договориле“.

Истиот уредник рекол дека и покрај високиот хонорар што им се дава на такви ѕвезди и натаму останува опасноста како медиумот да се заштити од колумнистот да не ги дава најдобрите вести на  ривалски медиум.

„Тоа беше најголемата фрустрација на сите“, додава тој. „Едноставно беше тешко Џонсон да се менаџира“.

Во видеото на Дејли Мејл во кое го промовираат ангажманот, Џонсон рече дека колумната – почнувајќи од сабота – „ќе биде токму она што јас мислам“.

„Можеби дури и ќе треба да покривам политика – но очигледно ќе се обидам да го правам тоа што е можно помалку, освен ако апсолутно не морам“, рече тој.

извор: Политко

подготви: С.К.

 

 

 

 

 

 

 

Борис Џонсон Дејли меил колумнист
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.