Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полјаците ќе бидат солидарни во преместувањето на бегалците, доколку ЕУ им помогне со Украинците

0
By Ана Василевска on June 19, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Полска, парламент
Полска, парламент
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 19, 2023 12:43

Мнозинството Полјаци, за разлика од полските власти, го поддржуваат предлогот за реформа на азилот во Европската Унија и обезбедување солидарна помош за најпогодените земји, додека 42 отсто од граѓаните очекуваат ЕУ да им помогне во грижата за Украинците, што Брисел инаку веќе го прави.

„Предлогот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, на кој властите во Варшава сакаат да распишат референдум, нарекувајќи го диктат од Брисел, го поддржуваат 55,6 отсто од Полјаците во новата анкета на агенцијата ИБРИС за полскиот весник „Жечпосполита“.

Во исто време, 42,9 отсто од анкетираните сакаат Полска да побара од ЕУ средства за помош на украинските бегалци, од кои во Полска останаа најмалку еден до 1,5 милиони.

Без поставување никакви услови, новата политика за азил ја прифаќаат 12,7 отсто од анкетираните, додека една третина, главно гласачи на владејачката партија Право и Правда, се против.

Минатата недела Сејмот на полскиот Парламент усвои резолуција во која бара од Владата решително да се спротивстави на промената на политиката за азил, со што би се вовел принципот на солидарност, а членките на ЕУ ќе им помогнат на земјите кои се најпогодени од миграцијата со релокација на бегалците, со материјална или финансиска помош.

Членовите кои не би сакале да прифатат мигранти може да испраќаат експерти со околу 20 илјади евра по одбиен бегалец годишно.

„Во моментот кога полскиот народ се изразува на референдумот тоа е еден вид аргумент, исто така во преговорите со Европската комисија. Но, тоа е правен аргумент: Полјаците одлучија на присилна преселба на таков начин и ЕК нема што да се меша“, изјави денеска советникот на полскиот претседател Марцин Пшидач.

Според лидерот на партијата Право и Правда Јарослав Качински одлуката на ЕУ за присилното преместување на бегалците е „напад врз суверенитетот на Полска и не е во согласност со договорот на ЕУ“.

-Ние сакаме референдум за тоа. Ќе го организираме и тој референдум Полјаците мора да се изјаснат за тоа прашање, рече Качињски во парламентот.

Лидерот на полската опозициска Граѓанска коалиција, поранешниот долгогодишен премиер Доналд Туск, го обвини Качински дека се плаши од пораз на изборите и дека комбинирањето на изборите со референдумот за бегалците треба да му донесе дополнителни гласови.

По враќањето на бегалците од војната во Украина, Полска според новиот механизам треба да прими само 1.900 бегалци од погодените земји, а доколку не испрати материјална помош и експерти, одбивањето ќе ја чини 40 милиони евра.

Опозицијата по повод референдумот потсетува дека оваа сума не е ништо во споредба со над половина милијарда евра казни кои полските даночни обврзници ги платија затоа што Владата избра да ги игнорира привремените мерки на Судот на ЕУ во споровите со ЕУ, било да е тоа за судството или рудникот за јаглен и електрана Туров.

бегалци ЕУ Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.