НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Сите партнери сметаат дека заслужуваме да ги продолжиме преговорите и да ги завршиме во најкус можен рок

0
By Gabi Tocko on June 19, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Имавме навистина тежок пат до ЕУ, оптоварен со билатерални прашања и со Грција и Бугарија, со долгогодишно чекање за почеток на преговорите и сметам дека сите без исклучок сметаат дека Северна Македонија заслужува да ги продолжи преговорите што ги започна минатата година и да во што најкус можен рок ги заврши и во првиот наредн бран на проширување на ЕУ да бидеме дел од тоа, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Радио Скопје.

Тој додаде дека сериозната поддршка на земјава ја потврдува и изгласата резолуција во германскиот Бундестаг.

Тие навистина го прават тоа искрено со намера да дадат видлива и јасна поддршка на нашиот евроинтегритивен пат, да испратат јасна порака до Македонците и граѓаните на Северена Македонија дека Германија стои зад нас и дека не постојат опасности по нашиот идентитет и по нашиот јазик и по се она што се наши обележја во текот на преговорите со ЕУ. Мислам дека таа порака покрај Германија ја испратија јасно и сите други претставници. Така што, за нас имаше зборови на силна поддршка и поттик да се завршат сите обврски за да продолжиме успешно со преговорите, рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека по година дена препукување и пропагадна, која нема втемеленост во реалноста за некаква бугаризација и асимилација, треба власта и опозицијата да седнат и да разговараат за реалните потреби и обврски за остварување на националниот интерес.

Ова сето го правиме ние не за да задоволиме некој друг или за да оствариме или исполниме нечија желба или диктат, ова го правиме како влог во нашето членство во ЕУ, односно влог во остварувањето на една од нашите стратешки цели, тоа е членство во ЕУ, рече Маричиќ.

Според него, добро е што се надмина линијата на табу за гласањето на уставните измени и дека сега треба да се разговара за тоа како ќе се изведат тие.

Добро е што се премина таа линија и дека не е повеќе табу да се гласа за уставните измени. Од друга страна, сите барања или сите очекувања или услови на господинот Мицкоски се вредни за разгледување, оние кои што имаат втемеленост во реалноста, односно оние кои што се движат во преговарачката рамка. Одложеното дејство на уставните амандмани излегува од преговарачката рамка и не враќа повторно на маса да преговараме од ново и со ЕУ и со Бугарија околу условите. Тоа секако значи враќање многу чекори назад и мислам дека тоа не ни треба, но за сите други прашања околу формулата дали би влегле во широка Влада, кога, под кои услови, со кого, сето тоа е вредно да се разговара доколку тоа помага во ставот на ВМРО – ДПМНЕ да гласа за уставните измени, истакна Маричиќ.

ЕУ Македонија маричиќ Радио Скопје уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.