НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ги засилија мерките кон регионот и кон Македонија

0
By Соња Крамарска on June 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Соединетите Американски држави ја интензивираа политиката кон регионот. Во само неколку дена, практично вчера и денес, од Вашингтон пристигнаа повеќе мерки кои се однесуваат на влошената ситуација во регионот и потребата од итна реакција. Причина за ваквите чекори на САД несомнено се состојбите меѓу Косово и Србија во чии односи Западот ги вложи сите свои капацитети за нивно решавање, како и односите меѓу Македонија и Бугарија кои ја кочат евроинтеграцијата на нашата земја за чие продолжување треба парламентот да ги изгласа уставните измени на кои пак им се противи опозицијата. На сето тоа се додава и корупцијата која е главен белег на регионот.

Првин дојде веста за ставањето на црна листа за влез во САД на Рамиз Мерко, истакнат член на ДУИ и шеф на струшкиот огранок на партијата, градоначалник во два мандати на Струга, поранешен пратеник и поранешен министер без ресор. Мерката важи и за членовите на неговото потесно семејство – сопругата и трите возрасни деца.

Истиот ден, како што соопшти Белата Куќа, американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи за уште една година итните мерки поврзани со регионот на Западен Балкан, кои првично беа прогласени со декрет во 2001 година.  Состојбата на Западен Балкан продолжува да претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави, предупреди американскиот претседател Џозеф Бајден во порака до Конгресот, во која информираше дека затоа е неопходно продолжување на извршната наредба за вонредната ситуација за Западен Балкан.

Како што беше објавено на веб-страницата на Белата куќа, Бајден ја продолжи Националната извршна наредба за вонредни состојби во Западен Балкан, во согласност со Законот за меѓународни економски овластувања за вонредни состојби, за да се справи со невообичаени и исклучителни закани за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Оваа извршна наредба првично беше потпишана на 26 јуни 2001 година и се однесува на заканата за безбедноста на Соединетите Држави, предизвикана од дејствијата на оние што дејствуваат за да го попречат спроведувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 10 јуни 1999 година во Косово.

Регулативата се однесува и на лица кои се вклучени или помагаат, спонзорираат или поддржуваат екстремистичко насилство во Македонија и на други места во регионот на Западен Балкан, или против лица кои дејствуваат на начин што го попречуваат спроведувањето на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина.

Истовремено САД го повикаа во Вашингтон Мирослав Лајчак, кој е специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина. Тој таму разговарал за ситуацијата на северот на Косово со првиот заменик советник за национална безбедност на САД, Џон Фајнер и високата директорка за Европа, Аманда Слот. Лајчак на Твитер објави дека на средбата во Вашингтон се разговарало за деескалација на ситуацијата и напредок во дијалогот меѓу Приштина и Белград.

„Многу корисен состанок со првиот заменик-советник за национална безбедност на САД, Џон Фајнер и вишиот директор за Европа Аманда Слот за ситуацијата во северно Косово, чекорите потребни за деескалација и напредок во дијалогот поддржан од ЕУ“, рече Лајчак.

Лајчак е во Вашингтон на покана, како што рече претходно, на неговите американски партнери за да разговараат за итни чекори во врска со ситуацијата во Косово.

Што се однесува до Македонија, по „шлаканицата“ за Рамиз Мерко, пристигна и изјавата на Габриел Ескобар во која рече дека очекуваат тоа да и помогне на нашата земја во борбата против корупцијата.

„Се надевам дека ова ѝ помага на владата во Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата“, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за Албанската редакција на Гласот на Америка. Тој одговараше на прашањето дали очекува политички последици откако САД на 20 јуни го ставија на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко поради значителна корупција.

Стејт департментот соопшти дека Мерко додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, „присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија“.

Во меѓувреме се продлабочува јазот меѓу Владата и опозицијата во Македонија за уставните измени, и засега изгледа невозможно тие да добијат зелено светло од парламентот, бидејќи и покрај првичните изгледи дека лидерската средба отвори шанса за договор, опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно се врати на категоричното одбивање да гласа за измените. Доколку не успее оваа политичка операција нашата држава нема да може да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ, со што ќе биде ставена под знак прашалник и политичката стабилност дома како и стабилноста и европските перспективи на целиот регигон бидејќи Брисел го гледа Западен Балкан како пакет.

С.К.

Западен Балкан итни мерки САД Џо Бајден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.