НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подготвителна сесија во Собранието со европратениците Шидер, Валсман и Ќучук за дијалогот Жан Моне

0
By Marta Pesevska on June 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото:Собрание
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците на Европскиот парламент (ЕП) Андреас Шидер, Марион Валсман и Илхан Ќучук беа во посета на Собранието на Северна Македонија, во рамките на процесот на Дијалогот Жан Моне. Целта на мисијата беше да се оцени напредокот во процесот на измена на Деловникот на Собранието и да направат подготовки за следната рунда на Дијалогот Жан Моне, наесен.

Фото/ Собрание

Како што информираат од Собранието, ко- фасилитаторите од Европскиот парламент на процесот на Дијалогот Жан Моне, Шидер, Валсман и Ќучук, на 20 и 21 јуни одржаа конструктивни средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Хусни Исмаили, како и координаторите на пратеничките групи и други членови на Работната група од Собранието за учество на Дијалогот Жан Моне. Дводневните средби, како што посочуваат, поминаа во многу позитивна атмосфера.

Претседателот на Собранието, Џафери и европратениците Шидер, Валсман и Ќучук, заеднички изразиле задоволство од скорото завршувањето на процесот на измена на Деловникот на Собранието, благодарение на посветеноста на раководството на Собрание и членовите од целиот политички спектар.

Фото/ Собрание

-Раководството на Собранието и претставниците на пратеничките групи се согласија дека измените на Деловникот треба да бидат финализирани и усвоени што е можно поскоро, за да може Собранието да стане поефикасно, транспарентно и поефективно, исполнувајќи ги аспирациите на граѓаните. кон членството во ЕУ. Претседателот на Собранието Џафери и европратениците, исто така, се согласија дека следната рунда од Дијалогот Жан Моне може да се одржи наесен, во куќата на Жан Моне, во Базош, Франција, соопштија од Собранието.

европратеници Жан Моне Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.