НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Во Европа сме познати по имплементацијата на Гаранцијата за млади, се вклучиле над 80 илјади млади

0
By Marta Pesevska on June 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Младинската трибина „Млади, иднина, Европа“ во Скопје.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Она по кое сме познати како помеѓу младите во нашата држава, така и во Европа е успешната имплементација на Гаранцијата за млади. Сеуште не сме дел од Европската унија, а работиме по европски стандарди. Од 2018 година  во континуитет успешно го спроведуваме проектот Гаранција за млади. Ова е Европска носечка иницијатива која одговара на предизвикот со кој се соочуваат младите лица откако ќе го заокружат процесот на образование. Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади“ изјави министерката за труд и социјална политика и претседателка на форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска на младинската трибина „Млади, иднина, Европа“ во Скопје.

Таа кажа дека изминатата година преку Гаранцијата за млади биле вклучени над 20 илјади млади, невработени лица во некоја од активните мерки за вработување, со цел да ја зголемат нивната вработливост.

„Ги поддржуваме и младите кои по навршување на осумнаесет годишна возраст, а заклучно со нивните 23 години веднаш се вклучиле во работен однос во производство. Тие  месечно на својата сметка добиваат младински додаток од 3000 денари“ рече Тренчевска.

Министерката рече дека е горда на тоа што секоја година се повеќе средства се издвојуваат за Оперативниот план за вработување, кој ова година изнесува над 32 милиони евра и е за два милиони евра повеќе од претходната година.

„Најатрактивната мерка за младите која овозможува да си ги остварат своите соништа и своите идеи да ги гледаат како реален резултат е мерката за самовработување, оваа година шанса преку оваа мерка ќе добијат рекордни 2078 невработени лица“ рече Тренчевска.

млади младинска трибина СДММ Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.