НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По пауза од 15 години конечно се ажурира позитивната листа на лекови

0
By Соња Крамарска on June 23, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Денеска во Владата се одржа состанок на кој присуствуваа министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева, советничката за здравство на премиерот, професор  Ана Данева-Маркова, претставници на Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови и медицински средства, претставници од фармацевтските компании, дел од стопанските комори во земјава, а во соработка со Здружението на пациенти на кој се разговараше за можни решенија за ажурирање на позитивната листа на лекови како и за изнаоѓање на одржливо трајно решение со цел поефикасно задоволување на потребите на граѓаните.

Целта на состанокот била  да се подобрат механизмите за навремен и соодветен пристап до современи, висококвалитетни лекови и медицински помагала и да се деблокира  процесот на воведување на нови лекови на листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување.

На денешниот заеднички состанок во Владата било потенцирано дека листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија не е ажурирана веќе 15 години и дека е неопходно да се прочисти, а лековите кои се застарени да се сменат со нови без при тоа да има финансиски импликации врз буџетот, во исто време додека се бараат начини за воведување на иновативни лекови.
Министерот за здравство Фатмир Меџити на средбата истакнал дека веќе следната недела се очекува да се формира Комисија за позитивната листа. Тој нагласи дека е оптимист и дека очекува што поскоро да се најде решение за прочистување на листата и нејзино дополнување со нови лекови. Затоа, како што рече министерот Меџити, потребно е поедноставување на процедурите.

На средбата се разгледувал и Правилникот за начинот и методологијата за утврдување и донесување на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување  кој беше донесен во март 2023 година.

Правилникот, како што се тврди од Владата, е добра основа за изнаоѓање трајни одржливи решенија за обезбедување на неопходните лекови за сите граѓани. „Со носењето на Правилникот за начинот и методологијата за утврдување и донесување на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување се отвори можноста за етаблирање на функционален и одржлив систем за редовно обновување на листата на лекови“, велат од Владата. Последните измени во овој Правилник овозможуваат склучување на специјални договори  со кои ќе се овозможи влез на повеќе иновативни лекови за сите пациенти на кои им се неопходни, а истовремено ќе може да се предвиди и заштити здравствениот буџет

Ажурирање позитивна листа на лекови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.