Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИНТЕРВЈУ на Ленче Николовска за СЛОБОДЕН ПЕЧАТ: Имаме капацитет да ги искористиме парите од ИПАРД 3, треба навреме да се подготвиме

0
By Ана Василевска on June 26, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Ленче Николовска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 26, 2023 16:04

Парите се наменети за агрокомплексот и за сите потенцијални инвеститори во земјоделското производство, руралниот туризам, бизниси што се водат како услуги на рурално население во кои влегуваат градинки, фризерски салони, спортски објекти, ветеринарни амбуланти, изградба на старски домови и многу други семејни бизниси

Земјоделците, но и преработувачите, како и оние што сакаат да се занимаваат со рурален туризам, пред себе имаат голем предизвик – да искористат неповратни пари што доаѓаат од Европската Унија преку програмата ИПАР 3. Но, за да се стигне до тие пари, патот не е лесен. Во наредниот период се очекуваат и повици за аплицирање. „Слободен печат“ разговараше со Ленче Николовска, директорка на „Агротим“ – консултантска фирма што нуди изготвување апликации и институционална логистика, сè во интерес на запазување процедура и рок на аплицирање.
Николовска вели дека на клиентите останува да имаат идеја што ќе инвестираат, средства и да ангажираат професионалци во изготвување на апликациите. Можностите се големи, а новина со ИПАРД 3 и најголема предност е што ќе може да се добијат 30-50 проценти авансно со потпишување на договорот со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Останатите пари ќе ги добијат по завршување на инвестицијата.

СП: Стартуваше информативната кампања за ИПАРД 3. „Агротим“ веќе е препознатлива специјализирана компанија, која им помага на земјоделците да аплицираат. Со ИПАРД 3, на располагање се дури 250 милиони евра. Ќе имаме ли капацитет да ги искористиме?

„ИПАРД 3 има одлична стартна позиција, а тоа е лидерската позиција во регионот во искористеност на програмата ИПАРД 2. Тоа значи дека веќе се надминати сите слабости, административни, како и подготвеноста кај бизнис -секторот, од ИПАРД 1 кога враќавме средства поради неможноста да се искористат. Охрабрена сум многу, знам дека ќе биде успешна приказната со ИПАРД 3 и поради големиот интерес што постои кај земјоделските производители и кај бизнис-секторот. Овде не мислам само на агрокомплексот, туку на сите потенцијални инвеститори во земјоделското производство, руралниот туризам, бизниси што се водат како услуги на рурално население во кои влегуваат градинки, фризерски салони, спортски објекти, ветеринарни амбуланти, изградба на старски домови и многу други семејни бизниси.

Сигурна сум дека ќе имаме капацитет да ги искористиме овие средства затоа што кај нас има сериозни компании што можат да ги исполнат условите што ги бара ИПАРД, а администрацијата е подготвена и многу им помага на потенцијалните инвеститори. Сакам да ја потенцирам одличната соработка на „Агротим“ со Платежната агенција како и со другите институции во Владата, затоа што само така, со тимска работа, може да се повлечат овие европски пари, кои ќе бидат за модернизирање и за развој на агрокомплексот и за поголем рурален развој. Многу е важна улогата и на локалната власт, затоа што дел од обемната документација се обезбедува од општините и затоа посебна почит имам кон оние градоначалници што ја увидоа важноста на ИПАРД. За останатите праќам апел за соработка и да имаат предвид дека повиците се на одредени рокови што мора да се почитуваат.

Информативната кампања за ИПАРД 3 како „Агротим“ ја започнавме многу порано, што се покажа како исправно затоа што е очигледна потребата од поголема информираност на потенцијалните инвеститори. Прво моравме да ја надминеме недовербата или паушалните изјави дека ние не ги користиме овие средства, дека се враќаат или дека се добиваат со протекции. На сите треба да им е јасно дека нашата држава има капацитет да ги искористи овие средства, а апликантите треба да имаат професионално подготвена апликација. Имено, секое евро мора да ја има својата намена и оправдување. Не проаѓаат малверзации или обиди за манипулации со овие пари. Тие се наменети за сериозни компании, би рекла финансиски моќни, кои наместо да инвестираат сè од сопствени средства, 50 или 60 проценти им враќа државата. Но, нивните инвестиции не се само профит за компаниите, тоа значи зголемено производство, намален увоз на прехранбени производи, извоз, влез на девизи, нови работни места, рурален развој, развој на една општина, привлекување странски туристи… и многу други придобивки за државата.

СП:  За што се земјоделците може да очекуваат пари?

„ИПАРД 3 опфаќа неколку мерки, кои се наменети за различни инвестиции.

Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства (земјоделска механизација, изградба, системи за наводнување, садници, опремување на фарми).

Мерка 3 – Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и на рибните производи (откупни центри, изградба и опремување производствени капацитети за преработка на овошје и зеленчук, млеко, месо и сл.).
Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.
Најголем интерес, односно најпопуларна е Мерка 7 – во која влегува и руралниот туризам и за кој има особен интерес. Преку „Агротим“ веќе имаме склучено неколку договори за изградба на хотели, ресторани и други објекти и бизниси во рурално подрачје. За ИПАРД рурално подрачје е населено место до 30.000 жители, што значи дека и градовите како Струга, Валандово, Дојран, Ресен… сите тие се подобни за инвестирање преку Мерка 7.

Повеќе на линкот: Слободен печат

земјоделци ИПАРД 3 Ленче Николовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.