Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска: Културата не е семоќна, но e силна порака за живот без предрасуди, расизам и дискриминација

0
By Ана Василевска on June 27, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Костадиновска-Стојчевска во Стразбур
Костадиновска-Стојчевска во Стразбур
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 27, 2023 12:47

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во рамки на работната посета на Стразбур присуствуваше и се обрати на седмиот пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија.

Како што информира Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Република Северна Македонија иако по територија е мала држава, таа е дом на многубројни етнички заедници.

„Ромите се народ кој е признат и впишан во македонскиот Устав, имаат своја општина, свој градоначалник, своја локална самоуправа, единствена во Европа. Но, не значи дека предрасудите автоматски исчезнаа. Долготрајни беа напорите и на институциите, но уште повеќе на невладиниот сектор, најнапред да се направи разлика меѓу циган и Ром, да се разбере дека првиот збор има навредлива симболика, а дека вториот е точниот збор. Ром како народ“, рече министерката за култура.

Таа додаде дека високо ценејќи ја културата на Ромите и нејзината посебност како нивно нераскинливо идентитетско обележје, Министерството за култура, и покрај неколку слабости што ги акцентираше во Националниот акциски план за културата, е силен сојузник и поддржувач на реализацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030.

„Во Стратегијата, како наш долг кон уникатната ромска култура, се обврзавме на нејзино институционално зачувување, развој и промоција. Тоа го правиме и убедена сум дека ќе биде направено и порано од крајниот рок што си го зададовме. Впрочем, Ромите се нераскинлив дел од нашата заедничка култура. И колку повеќе ја осознаваме нивната култура, толку повеќе ги разбираме убавината и корисноста на различностите“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсети дека и оваа година, преку Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата, Министерството за култура поддржа многубројни проекти на ромски автори, манифестации и фестивали во издавачката, фолклорната, драмската и меѓународната дејност.

„Преку програмата Креативна Европа продолжи да функционира еден извонреден проект за бесплатно музичко образование за сите талентирани деца и млади кои не можат финансиски да си го овозможат ниту тоа образование, а уште помалку да купат инструмент. Невладината „Рома рок скул“ во изминатите години создаде многубројни бендови со членови од сите етнички заедници, кои на рок-музиката ѝ додадоа уникатен шарм вметнувајќи делови од ромскиот мелос. Овој проект е поддржан и од Министерството за култура“, информираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа истакна дека културата не е семоќна, но е силна порака и затоа треба, како што рече, преку националните културни вредности да ја збогатиме колоритноста на идентитетската карта на Европа и со меѓусебно почитување да создадеме заеднички културен простор, удобен за сите.

Според министерката за култура, во Стразбур, каде е седиштето на Чуварот на човековите права – Советот на Европа, и денес голем е бројот на претставки за непочитување на основното право – да се нарекувме онака како што чувствуваме.

„За жал, слобода, демократија, човекови права и владеење на правото – зарем тоа не се вредности што сите ги заслужуваме и еднакво треба да ги уживаме. Зарем европскиот културен идентитет е целосен и реален без прифаќање на нашата разноликост. Ќе можеме ли да се справиме со негативната страна на вештачката интелигенција, а сè уште водиме битка со дискриминацијата, ксенофобијата, нетолеранцијата, говорот на омраза, трговијата со луѓе, насилството врз жените и врз децата, фемицид, криминал и корупција, интернет-криминал…,“ потенцираше министерката за култура.

Костадиновска-Сојчевска изрази надеж и уверување дека најмладите генерации, кои сега растат во еден поинаков свет, ќе живеат во свет без предрасуди, без расизам и без дискриминација.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на седмиот пленарен состанок на Управниот комитет за антидискриминација, диверзитет и инклузија денеска во Стразбур се обрати и од името на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Владата на Северна Македонија.

Костадиновска-Стојчевска во Стразбур Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.