НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дубровник форум: Хрватска ќе и помогне на Украина

0
By Marta Pesevska on July 8, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: ХИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватска може да и помогне на Украина на „повеќе начини“, а посебно во области за кои имаме „несреќно искуство“ од Татковинската војна, а тоа се деминирање и прашањето за одговорност за воени злосторства, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на 16. Дубровник форум 2023.

– Планираме да го завршиме процесот на деминирање до 2026 година. Значи, 35 години зборуваме за деминирање на територија што е значително помала од територијата на Украина, истакна Пленковиќ на отворањето на Форумот во Дубровник на кој присуствуваат и претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел и генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Покрај Украина, на Форумот се разговараше и за неопходноста од проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Пленковиќ наведе дека Хрватска со години им кажува на своите партнери од ЕУ дека Унијата не е доволно вклучена во регионот, што другите актери ќе го искористат и дека ситуацијата во овој поглед се променила во 2018 година, кога Бугарија претседаваше со ЕУ.

Тајани истакна дека Западен Балкан е приоритет за италијанската Влада, нагласувајќи дека е неопходно да се поддржи полноправното членство на Украина и на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

За Италија е важно да го запре приливот на илегални мигранти преку медитеранските и западнобалканските рути, па Тајани апелираше за заедничка борба против „шверцерите на луѓе“.

– Мораме да дејствуваме заедно против илегалната имиграција. Мора да ги запреме шверцерите. Италија не може да го направи тоа сама или Хрватска сама, посочи Тајани.

Додека Борел се осврна на ЕУ геополитички актер, потенцирајќи оти Унијата „не е воен сојуз, но ниту невладина организација, која само проповеда добро однесување и владеење на правото. Во светот во кој живееме, многумина не се грижат за правилата и се подготвени да употребат сила. Украина е последниот пример, посочи Борел.

Извор: МИА

Дубровник Форум Украина Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.