НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заштитата на новинарите и природата и странското влијание меѓу темите на јунската сесија на ЕП

0
By Ана Василевска on July 10, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Европски парламент Стразбур
Европски парламент Стразбур
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заштита на новинарите и активистите во Европската унија од неосновани и навредливи правни постапки е една од точките на дневниот ред на сесијата на Европскиот парламент што почнува денеска во Стразбур.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе дебатираат за новите правила за заштита на новинарите, медиумските организации, активистите, академиците, уметниците и истражувачите низ ЕУ од обиди да се замолчат преку неосновани и навредливи правни постапки. Гласањето за овие нови предлог-правила е предвидено за утре.

Европратениците денеска ќе го разгледаат и Закон за реставрација на природата, предложен од Европската комисија, откако неговата предлог-верзија не беше поддржана од членовите Комитетот за животна средина. Пратениците ќе треба да се изјаснат дали целосно ќе ја отфрлат предложената регулатива од страна на ЕК или пак ќе ја усвојат со одредени измени.

Доколку се случи инвазија на Украина, Европската унија треба да го запре увозот на руски гас и нафта и да ја исклучи Русија од меѓународниот платежен систем SWIFT.

Пратениците ќе треба да се изјаснат и за  политичкиот договор постигнат меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ околу Регулативата за поддршка на производството на муниција (АСАП), кој има за цел да ја забрза испораката на муниција и проектили за Украина и да им помогне на земјите членки не ЕУ да го надополнат својот арсенал.

За денеска е предвидено европратениците да дебатираат и за новите правила за намалување на потрошувачката на енергија во ЕУ за најмалку 11,7 отсто до 2030 година, како и за новите правила на Унијата за станици за полнење и точење гориво за автомобили и камиони, чија цел е намалување на емисиите на штетни гасови во транспортниот сектор. Гласањето за двата предлога е предвидено за утре.

За утре се планирани и расправа и гласање за Законот за чипови на ЕУ, кој има за цел да обезбеди подобро снабдување со дигитални технологии преку зголемување на производството и иновациите во овој сектор, а со тоа и да се зајакне стратешката автономија и безбедност на Унијата.

Европски парламент

Утре пратениците ќе дискутираат и за препораките на Специјален комитет на Европскиот парламент задолжен за анализа на состојбите за време на пандемијата со Ковид-19, кои вклучуваат начини и мерки за реакција при слични кризи во иднина. Со препораките, за кои треба да се гласа в среда, се бара зајакнување на Европската здравствена унија, поголема отпорноста на националните здравствени системи и зголемена парламентарна контрола на мерките, координацијата и солидарноста при евентуална идна пандемија.

В среда европратениците ќе расправаат и за резултатите од Самитот на ЕУ, одржан на 29 и 30 јуни, особено по последните случувања во Украина и Русија, како и за Предлог-резолуцијата за пребарување и спасување во Медитеранот. Тие ќе дебатираат и за реформите предложени од Специјалниот комитет за странско мешање, со кои се повикува на создавање на поефикасни системи за мониторинг и надзор за откривање на странско мешање во активностите на Европарламентот, како и за поголема транспарентност, интегритет и одговорност. Гласањата за Предлог-резолуцијата за пребарување и спасување во Медитеранот и за реформите за заштита на демократските институции и интегритетот на Парламентот се предвидени за в четврток.

По повод 28-годишнината од масакрот во Сребреница, предвидено е претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола да се обрати пред европратениците пред почетокот на утрешната сесија за гласање.

Европски парламент ЕУ Заштита на новинарите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.