НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Милчо Манчевски државните пари за рекламирање на „Сенки“ ги примил на фирмата „Банана продукција“?

0
By Ана Василевска on July 13, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Милчо Манчевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОЊА ТАНЕСКА

Долгометражните филмови му се наградени со над 40-ина високи меѓународни награди за естетски и културни достигнувања, а четирите негови долгометражни филма: „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ му се прикажани на над 200 фестивалски проекции на сите континенти и имаат и редовна дистрибуција за кино и ТВ-мрежите на педесет земји на сите континенти, за што во 2012 година ја доби престижната титула национален уметник на Македонија која му ја додели претседателот Ѓорге Иванов, а прогласен е и амбасадор на култура во САД.

Но никој не ги оспорува неговите достигнувања и успеси. Спорни се документите кои укажуваат дека нешто не е во ред со финансиските извештаи кои во суштина би требало да се уредни, бидејќи се однесуваат на пари на граѓаните кои низ годините ги добивал од Владата, Министерството за култура и Агенцијата за филм, тогашен Филмски фонд.

Откако ЦИВИЛ Медиа објави дека сѐ уште не е затворен финансискиот извештај за „Мајки“ (поточно, дека и покрај барањата на Агенцијата за филм да се достави конечен финансиски извештај, сепак, до денес таквиот не е затворен), редакцијата на Градска.мк дојде до документи кои покажуваат дека режисерот Манчевски и за парите кои ги добил од тогашниот Филмски фонд за филмот „Сенки“, до денеска Агенција за филм не доставил финансиски извештај за потрошените средства.

Државната комисија за спречување корупција речиси од јануари молчи на прашањата поставени од ЦИВИЛ Медиа во врска со недоставените извештаи за филмот „Мајки“.

Зошто Милчо Манчевски ја згаснал фирмата„Сенка Дооел“?

Филмскиот Фонд во мај 2009 година склучил договор за финансирање Проекти од национален интерес со „Сенка Милчо Манчевски ДООЕЛ“ за поддршка, дистрибуција и реклама на играниот филм „Сенки“ со износ од 1.197.667 денари (19.500 евра).

Во член 4 од договорот стои дека корисникот е должен да направи наративен и финансиски извештај, извештај за готовинските парични текови на проектот со спецификација за вкупните трошоци со прилог документација за потрошените средства ( фактури и договори) со рок од 15 дена по завршетокот на дистрибуција и реклама на филмот.

Овој договор е склучен на 12.05.2009 година, а истиот е заведен во Филмскиот Фонд на 27.05.2009 година, додека пак за само два дена на 29.05.2009 е направен анекс на претходниот договор парите наместо на „Сенка Милчо Манчевски“ да се префрлат на „Банана продукција“.

Не пости запис кој објаснува која е причината за ваквата промена, а исто така нема ниту финансиски извештај за што и како биле потрошени овие пари.

Она што е интересно е дека, според документите Милчо Манчевски е сопственик на „Сенка Милчо Манчевски“ но заведен е како американски државјанин, додека пак компанијата покрај приоритетната дејност филмска продукција има регистрирана дејност за надворешна трговија со прехранбени и непрехранбени производи.

200.000 долари од Владата на Груевски за промоција за „Оскар“

„Сенки“ на 4 јуни 2007 во Њујорк ја доживеал прва затворена проекција. Го изгледале тие што учествуваа во неговото создавање.

Целата монтажа на „Сенки“ беше во Њујорк, а лабораторискиот дел од работата се правеше во Минхен. Првата клапа на „Сенка“, чиј работен наслов беше „Коски“, се случи на 17 август 2006 година. Се снимаше 63 дена на локации низ Македонија. За потребите на филмот беше изграден првиот филмски град во Македонија со површина од околу 2 илјади квадрати во халите на поранешната фабрика „Хемтекс“. Изградена е и црква во селото Сарамзалино.

Меѓународната екипа беше составена од 150 члена од 15 земји, вклучувајќи и волонтери од Македонија, Франција и од Португалија.

Филмот е во копродукција на Македонија, Германија, Италија, Шпанија и Бугарија. Актерската екипа на филмот „Сенки“ брои 90 македонски актери, а 12 од нив првпат се на филмското платно.
Сценариото за „Сенка“ е пишувано речиси две години.

Во декември 2007 година филмот доби и 200 илјади долари од Владата за промоција и дистрибуција каде се бореше со 62 филма за да влезе во најтесната селекција за наградата „Оскар“ за филм од странско говорно подрачје.

 


Извор: Градска.мк
Агенција за филм на РСМ Милчо Манчевски министерство за култура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.