НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: Нападот врз Курти е срамно однесување, што е на штета на Косово

0
By Ана Василевска on July 13, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер реагираше поради  физичката пресметка во Собранието на Косово, каде што беше фрлена вода врз премиерот Албин Курти, додека тој беше на собраниската говорница.

Тој го нарече нападот „срамно однесување, што е на штета на Косово“.

– Да не се согласуваш со премиерот е демократско, вака да го изразуваш своето противење значи да се оцрните себе си, вашите гласачи и целата држава со срам што денеска е на штета на Косово на меѓународен план, повеќе од која било политичка позиција, што му се спротивставува на премиерот! Замислете како се чувствуваат незаменливите сојузници и пријатели на Косово и на Албанците, кога гледаат како Албанците се фаќаат за гуша, онаму каде што треба да се бори со идеи и зборови, а не со навреди и тупаници! Навистина се надевам дека опозицијата ќе се огради од ова срамно однесување и ќе му служи на Косово со сила на пример, а не со пример на сила!, напиша Рама на Твитер.

Денешните случувања во косовскиот законодавен дом ги коментираше и поранешниот албански претседател, поранешниот премиер и актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, наведувајќи дека вакви сцени на насилство никогаш не треба да се случуваат во ниту еден Парламент.

– Апсолутно изразувам длабоко жалење за физичките напади. Тие никогаш не треба да се случуваат во ниту еден Парламент, тие не се решение за несогласувањата меѓу власта и опозицијата во еден Парламент, посочи Бериша

Албин Курти Еди Рама Косово-Албанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.