НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петровска: Буџетот за одбрана постојано расте, следната година ќе достигнеме два отсто од БДП

0
By Gabi Tocko on July 15, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Славјанка Петровска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Развојот на технологијата и порастот на неконвенционалните безбедносни предизвици наложуваат државите да ги зголемат инвестициите во одбраната и безбедноста на своите граѓани, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Заложбата на сите земји членки е дека веќе 2 проценти, согласно претходните заложби, максимумот којашто треба да ја постигне секоја членка до 2024 година, сега ќе биде долната граница којашто секоја земја ќе треба да го постигне, истакна министерката Петровска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24, зборувајќи околу заклучоците од Самитот на НАТО во Вилнус.

Петровска нагласи дека буџетот на Министерството за одбрана расте постојано, а оваа година тој е 1,85 проценти од БДП, односно 274 милиони евра, дополнувајќи дека станува збор за доволно средства за реализација на започнатите и новите проекти за модернизација на Армијата.

Извесно е дека следната година ќе го достигнеме минимумот од 2 проценти од БДП за одбрана. Она што е важно е и начинот на кој ги трошиме тие средства. Во НАТО Алијансата се почитува принципот најмалку 20 проценти од буџетот за одбрана да биде наменет за модернизација и опремување и Република Северна Македонија тоа го прави. Минатата година беа 30 проценти, оваа година се испланирани 33 проценти од буџетот, рече Петровска, соопштуваат од прес-службата на Министерството за одбрана.

Таа за полигонот Криволак истакна дека како држава треба да ни биде гордост што имаме таков капацитет.

Полигонот Криволак прераснува во сериозен национален капацитет, но и во капацитет на НАТО Алијансата. Се почесто и почесто многу од нашите сојузници бараат да го користат Криволак и за изведување на вежбовни активност, а многу често го користиме и за изведување на мултинационални вежби, посочи Петровска.

буџет два процента Министерство за одбрана НАТО Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.