Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Чекориме по патот на решението на деценискиот предизвик на Лицата неевидентирани во Матичната Книга

0
By Marta Pesevska on July 19, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 19, 2023 17:18

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со шефот на мисијата на ОБСЕ, Килијан Вал, Министерот за правда, Кренар Лога и претставничката на УНЦХР во Република Северна Македонија, Кристина Бунеа се обратија на отворањето на регионалните работилници за имплементација на изменетиот Закон за матичната евиденција. Работилниците се организирани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНХЦР.

„Подготовката на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени е пример за решеноста на Владата на Република Северна Македонија да помогне на оваа категорија на граѓани кои не можат да ги остварат човековите права поради не поседување на документи. Предизвикот на оваа категорија на лица е нотиран во 2011 година. Ако од 2011 започнеше да се решава овој проблем и досега ќе беше решен и немаше да зборуваме за неевидентирани лица во нашата држава” рече Тренчевска.

Министерката објасни дека како Влада од 2018 година повотрно го актуелизираат прашањето за лицата без документи и дека по насока на Министерството за труд и социјална политика тим од сите релевантни чинители ги посетиле населбите за кои добиле информација дека постојат лица неевидентирани во Матична Книга на Родени и за истите се пополниле прашалници со цел да се изработи посебен електронски регистар каде се внесени околу 700 неевидентирани лица.

„Утврдената состојба на терен наложи да се изгради едно преодно решение со кое што на оваа маргинализирана група ќе им се овозможи евидентираат во посебна матична книга на родени, заради добивање на Извод од посебната матична книга на родени и идентификациона исправа заради остварување на право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување” посочи Тренчевска.

На крајот од обраќањето министерката го искажа своето уверување за тоа дека со Измените на Законот за Матична евиденција ќе се пристапи кон решавање на деценискиот предизвик на Лицата неевидентирани во Матичната Книга на Родени и ќе им се овозможат еднакви права како и на останатите граѓани на Република Северна Македонија

МТСП Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.