НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потврда за владините политики од „Стандард и Пурс“ – економијата ќе се стабилизира, долгот ќе се одржува на стабилно ниво

0
By Marta Pesevska on July 29, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Економскиот раст во земјава на среден рок ќе се стабилизира, значаен импулс ќе даде приватната потрошувачка и инвестициите, вклучително и капиталните инвестиции. Дополнително влијание врз економските перспективи ќе има и напредокот во ЕУ интеграцијата, која ќе придонесе и за зајакнување на структурните и институционалните капацитети. Земјата ќе продолжи со фискалната консолидација, намалување на инфлацијата и заштита на финансиската стабилност, како и со структурните реформи, а долгот ќе се одржува на стабилно ниво.

Ова е нотирано во најновиот извештај на Агенцијата „Стандар и Пурс“ која го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија ББ- со стабилен изглед. Особено е значајно што кредитниот рејтинг ББ- со стабилен изглед кој РС Македонија го има во континуитет од 2013 година е задржан и покрај здравствено-економската криза, како и ценовната и енергетска криза.

Агенцијата нотира дека e значајно да продолжат напорите за структурни реформи, зајакнување на институционалните капацитети при истовремена консолидација на одржливите фискални политики, што може да придонесе и за зголемување на рејтингот. . Кризата во 2023 година ќе има се уште влијание, но сепак буџетскиот дефицит очекува да биде понизок во однос на 2022 година на ниво од 4,4 %, кое е пониско од владините проекции (4,6 %). Донесениот Закон за буџети, сметаат од Агенцијата, ќе помогне во забрзување на фискалната консолидација. Владата е насочена кон намалување на трошоците, а даночната реформа се очекува да ги зајакне приходите. Државниот долг на среден рок се очекува да се стабилизира.

Во извештајот се посочува дека Владата е посветена на одржување на атрактивноста на земјата за странски директни инвестиции.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа, и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Претходно РС Македонија и политиките на Владата добија потврда од Агенцијата „Фич“ која го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен.

владини политики Стандард и Пурс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.