Професионалците од македонското студио за филмска и телевизиска продукција „Вертиго Висуал“, работеа на изработката на визуелните ефекти во филмот „Арго“, во режија на Бен Афлек, синоќа награден со Оскар за најдобар филм во 2012 година.
Од 2008 година до сега, „Вертиго“ има работено визуелни ефекти за 20 филмови од холивудската А листа, популарни box office хитови и добитници на бројни награди на престижните меѓународни фестивали.
Вредната екипа на “Вертиго“ изминативе години работеше на филмови на големи режисерски имиња како Клинт Иствуд, Тим Бартон, Бен Афлек, Рон Хауард, Филип Нојс, со ѕвезди во главните улоги како Анџелина Џоли, Леонардо Дикаприо, Том Хенкс, Џони Деп, Ал Пачино, Брус Вилис, Мишел Фајфер, Мет Дејмон, Кристен Стјуарт, Роберт Патинсон, Вин Дизел итн.