НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмо на АФРСМ: Изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда

0
By Ана Василевска on August 8, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во конкретниот случај за кој реагирате, не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби,  недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции.“

„Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра.“

По објавата на Венецискиот филмски фестивал во која се изразува поддршка кон режисерот Милчо Манчевски за како што велат „политички прогон“, писмо со реакција кон директорот Барбера и челните луѓе на Здруженијата на филмски професионалци во Италија, испрати директорот на Агенцијата за филм на РСМ, во кое изразува жалење за заблудата во која се доведени и како што се вели во писмото без да ги знаат  фактите и вистината и што на овој начин дополнително се прави притисок на јавноста и институциите во нашата држава.

Писмото потпишано од директорот на АФРСМ Бојан Лазаревски ви го пренесуваме во целост:

„Почитуван господине Алберто Барбера, директор на Венецискиот филмски фестивал, почитувани Франческо Раниери Мартиноти претседател на „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини претседателка на на „Ченто Аутори“ (Cento Autori),

Изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда, без да ги знаете фактите и вистината и што на овој начин дополнително правите притисок на јавноста и институциите во нашата држава.

Во конкретниот случај за кој реагирате, не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби,  недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции.

Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра.

Искрено се надеваме дека ќе го увидите овој пропуст, ќе ја разберете нашата реакција и во интерес на правдата и Законот ќе го повлечете писмото со што без дополнителен надворешен притисок ќе се даде простор на независните институции на нашата држава, која е аспирант за членство во Европска унија, да ги утврдат спорните факти и да донесат соодветни правни одлуки.

Како прв човек на Агенцијата за филм на РСМ, уште еднаш сакам да повторам дека РСМ не врши никаков политички или каков било друг притисок врз Манчевски, ниту пак има вакви постапки за било кој друг автор.

Убеден сум дека и вие сте на страната на правдата и законот, кога станува збор за финансирање и трошење на средствата од јавните фондови за поддршка на филмската уметност.“

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.