НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ромалитико: Евидентирани 112 лица, стапува на сила примената на измените од системскиот Закон за матична евиденција

0
By Ана Василевска on August 9, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По подолг период стапува на сила примената на измените од системскиот Закон за матична евиденција. Oд страна на теренските структури на Ромалитико, вчера беа донесени 112 лица на посебно закажаниот термин пред Управата за водење на матичните книги – матична евиденција за поднесување на барање и добивање на редовен извод, информираат во објава на Фејсбук, Ромалитико.

 

„Благодарение на тимот на теренски соработници од Скопје (правни монитори и мобилизатори на заедницата), советникот на премиерот Елвис Мемети и пратеничката Латифа Шиковска – обезбедивме целосна вклученост на Управата и соработка поврзана со финансиската рамка и логистика која е целосно покриена од Ромалитико и УНХЦР. Ромалитико преку теренската работа на наоѓање на лицата преку секојдневен макотрпен процес изминатиов период и организирано носење на лицата до УВМК го следи и директно го помага процесот на обезбедување на документи и ги покрива целосните трошоци. Благодарност до Сирхан Усеин, Ервин Мамути, Сеадин Џафери, Орхан Саитов, Сејнур Сефер, Здружението Амбрела и останатите структури од другите градови кои што во престојниот период се вложуваат во работа на терен со заедницата“, се наведува во објавата.

Фото: Ромалитико

Оттаму искажуваат благодарност и до УНХЦР кој го покрива, како што нагласуваат, целосното вадење на пропратната документација и директното вадење на изводите (изјавите заверени на нотар, лекарска потврда за утврдување на возраст и вадењето на извод)

Организираните термини продолжуваат и во останатите градови и од септември паралелно ќе се работи на терен за проблематиката поврзана со граѓанскиот статус – државјанството, велат од Ромалитико.

Во Управата за водење на матични книги на околу 112 лица без документи денеска им се врши дополнување на документацијата за добивање на извод од матична книга на родени, а на десетина од нив им се врачени изводите. До крајот на годината, сите 540 ќе бидат запишани во матична книга на родени, изјави директорот на Управата за водење на матични книги Емир Сулејмани.

Тој додаде дека оваа постапка треба да биде завршена до крајот на 2023 година, со што сите лица без документи – 540 граѓани, ќе бидат запишани во редовна матична книга на родени.

-Повикувајќи се на деценискиот проблем што го имаат одредена група на граѓани, кои имаат елементарни потреби од социјално, здравствено и други услуги, ние како Управа за водење на матични книги пред одредено време формиравме работна група. Задача на работната група беше на поедноставен и поефикасен начин да им излеземе во пресрет на таргетираната група, луѓето кои не се запишани и немаат извод во матична книга на родени. Работната група се состои од повеќе членови, експерти, вработени во Управата, помал број тука од редакцијата а поголемиот број од регионалните единици. Со текот на времето се отвори и можност да се изврши изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, рече денеска Сулејмани.

Како што посочи, со помош на Министерството за правда, невладините организации УНХЦР и ОБСЕ, и Центарот за социјални работи, се изготви изменување и дополнување на Предлог законот, а Собранието ги изгласа предлог измените.

-Во Законот предвидени се преодни и завршни одредби кои што определуваат точни рокови како треба да иде целата постапка и динамика. Ние до крајот на 2023 година оваа постапка треба да ја завршиме и сите лица кои ги има во нашите евиденција треба да бидат запишани во редовна матична книга на родени. Денеска ние спроведуваме акциски план со помош на невладини организации, околу 112 лица вршат дополнување на документација, рече Сулејмани.

Тој додаде дека на одреден број од граѓаните, веќе денеска на рака ќе им се издаде извод од матична книга на родени, а во следниот период ќе добијат и граѓаните кои имаат таксативни барања кои се во рамките на законските измени. Позитивно е, како што рече, што во предлог измените на законот тргнати се ДНК и отежувачките околности за добивање на документи.

-Доколку странката не поседува ниту свидетелство, ниту пријава од болница, потребни се три изјави изготвени со правилник, кои од вчера официјални се објавени во службеник весник, и секој граѓанин со изјави од двајца сведоци ќе може да го докаже својот идентитет и ќе биде запишан во редовна матична книга на родени, рече Сулејмани.

Тој упати апел до сите кои претходно се пријавени на јавниот повик, да дојдат во канцелариите на Управата.

Мислам дека до крајот на годината кога ќе ги завршиме сите работи, ќе бидеме прва држава во Европа која ќе нема нерегистрирани лица, додаде тој.

Адвокатката Маја Ристовска Стојановска, полномошник на лицето Селвет Етемовска, изјави дека благодарение на овие законски измени, за првпат денеска Етемовска ќе добие извод од матична книга на родени и ќе може да ја продолжи постапката пред МВР каде ќе може да добие документи за идентификација.

-Етемовска е родена пред 24 години и до сега нема утврдено идентитет, односно не е запишана во редовната матична книга на родени. Оваа постапка што е поведена и се применува е многу значајна, затоа што ќе можат да ги решават своите животни прашања. Во конретниот случај, Селвет веќе е соживеана со друго лице и не може да склучи брак. Има деца кои што не може во изводот на матична книга на родени затоа што таа нема идентитет. Со оваа постапка, решенија кои што се нудат, денеска Селвет ќе добие извод од матична книга на родени и за едното детенце. Се дава простор да може да не се раѓаат нови лица со незапишан идентитет, туку едноставно ова решение да биде од траен карактер, рече Стојановска.

Етемовска за МИА изјави дека е многу благодарна за можноста да добие извод, со ќе и помогне во однос на здравствено осигурување, но и да може да работи.

Извор: Фронтлајн

Измени на закон за матична евиденција Ромалитико
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.