Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции од 2018 до 2022 година со 57 милиони поддржавме 630 компании, кои инвестираа над 340 милиони евра

0
By Marta Pesevska on August 9, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Влада
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 9, 2023 17:37

Партнерскиот и инклузивниот пристап во креирањето и спроведувањето на економските политики на Владата дава резултати, преку Законост за финансиска поддршка на инвестиции Владата на Република Северна Македонија од неговото воведување, односно во периодот од 2018 до 2022 година, со околѕ 57 милиони евра, поддржа 630 компании кои инвестираа над 340 милиони евра. Довербата на деловните субјекти во институциите и нашите економски политики од година во година се зголемува, бројот на потпишани договори за финансиска поддршка на компаниите континуирано расте.

Од стапувањето на сила на законот во 2018 година, заклучно со минатата година беа потпишани вкупно 630 договори за финансиска поддршка. Додека пак годинава се пристигнати рекордни 427 апликации за нови инвестициски проекти, од кои одобрени или новопотпишани договори за оваа година имаме 289 договори за финансиска поддршка на планирани инвестициски циклуси на компаните од 366 милиони евра, кои ќе креираат нови конкурентни работни места. Со ова портфолиото на договори за финансиска поддршка на инвестиците се зголемува на 919 договори.

Ова зборува дека Владата на Република Северна Македонија преку поттикнувачки и конзистентни политики и мерки успешно создава деловен амбиент кој е стабилен, предвидлив и стимулативен за компаниите.

Ако во 2018 година, имавме 73 компании кои реализираа инвестиции во вредност од околу 29 милиони евра, во 2022 година, по основ на овој закон, имаме инвестиции на 410 компании во вредност од околу 101 милиони евра. Освен што не прави разлика помеѓу странски и домашни компании, Владата партнерски и постојано ги поддржува компаниите во нивните инвестициските циклуси. Во 2018 година, исплатената поддршка изнесуваше 3 милиони и 120 илјади евра во 2022 година таа се зголеми на рекордни 23 милиони евра.

Само како резултат на довербата на бизнис заедницата кон мерките содржани во законот и објективниот, транспарентен начин на нивно спроведување во изминатите пет години во нашата економија е реализиран вкупен инвестициски циклус од 340 милиони евра, а за кој е исплатена вкупна финансиска поддршка од 57 милиони евра.

Имаме инвестициски бран во реалниот сектор на нашата економија кој расте, се зголемува, кој ја развива конкурентноста преку воведување на нови производствени процеси, усвојување на нови технологии и освојување на нови пазари, создавајќи нови и добро платени работни места за нашите граѓани. Само во ново одобрените 294 договори за финансиска поддршка на компаниите кои годинава аплицираа содржани се проекции за отворање на нови 4.439 работни места и реализација на дополнителни 366 милиони евра инвестиции до крајот на планираните инвестициски циклуси.

Рекордниот број апликации се резултат на нашите политики и на зголемената доверба на компаниите кои препознаваат партнер во Владата на Реублика Северна Македонија.

битиќи инвестиции поддршка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Филипче: Мицкоски ќе го поништуваше Преспанскиот договор па рече дека е ремек-дело на дипломатијата

ВЕСТИ May 14, 2026

 Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче:

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

May 14, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.