Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Абдиџику: Ветувањата на Курти за патот Призрен-Тетово се „петпаречки муабети“

0
By Ана Василевска on August 14, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Љумир Абдиџику
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 14, 2023 15:16

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику ги нарече „петпаречки муабети“ ветувањата на косовскиот премиер, Албин Курти за започнување на изградбата на патот кој треба да ги поврзе Призрен во Косово со Тетово во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

На неговата страница на Фејсбук, Абдиџику напиша дека Владата на Курти ја заокружува третата година од владеење, без да изгради ниту еден единствен пат во цело Косово.

Опозицискиот лидер напоменува дека не се затворени градежните работи „ниту за патот за Митровица, ниту за Подујево, ниту за Гњилане, ниту пак за Ѓаковица“, додавајќи дека има „градови кои се сосема оставени во заборав“ и „граѓани кои секојдневно се малтретираат“ веќе три години.

– Денес, во третата година од мандатот, зборуваат за тунели, Призрен-Тетово, 200 милиони. Тоа се петпаречки муабети. Тие ни се повторуваат исти како и пред три години. Исто и со истите ветувања излегуваат и денес, напиша Абдиџику.

Според него, оваа Влада не направила ниту еден чекор за развој на косовската инфраструктура, затоа што е зафатена „со организирање протести за поддршка на самата себе“.

– Зафатени со организирање протести за поддршка на самите себе – замислете – фиксирани на дискусии за минатото, ангажирани во предизвикување делби, пцуења и раздори – значи во политичка суша – оваа влада не успеа да направи ниту еден единствен чекор за инфраструткурен развој на Косово, напиша Абдиџику.

Курти во петокот, за време на престојот во Тетово, се заложи за реализација на договорот постигнат меѓу неговата и Владата на Северна Македонија и потпшан од него и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, за започнување на изградбата на патот кој ќе ги поврзува Призрен и Тетово. По враќањето во Косово, утредента во Призрен, тој рече дека за спојување на двата града ќе треба да се изгради тунел од околу шест километри, а целиот проект не би чинел повеќе од 200 милиони евра.

Косово Љумир Абдиџику Посета на Албин Курти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026Updated:June 5, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

ВЕСТИ June 5, 2026

Во изјава за „Дојче Веле“ од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, бугарскиот премиер Румен Радев…

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.