НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во БиХ се одржуваат протести против насилството над жените и фемицидот

0
By Ана Василевска on August 14, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Протести во БиХ против фемициди
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во повеќе градови низ Босна и Херцеговина денеска се одржаа протести против насилството врз жените по бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ во Градачац во петокот, на 11 август.

На протестната прошетка во Сараево се одзваа голем број граѓани, кои излегоа на улиците да го покажат својот гнев и длабока тага поради бруталното убиство што ја потресе цела Босна и Херцеговина.

Покрај голем број граѓани, на протестот се огласија и Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, Мајкл Марфи, американскиот амбасадор во БиХ и Рамо Исак, министерот за внатрешни работи на ентитетот БиХ Федерација БиХ, на повик на од градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ.

Градоначалничката Кариќ побара властите да го зголемат капацитетот на сигурните куќи за жртви на насилство, повика на институционална поддршка преку системот за социјална заштита, побара законодавните тела да донесат регулативи кои ефективно ќе го контролираат објавувањето на содржина што промовира или поттикнува насилство. Исто така, градоначалничката ги повика жртвите на насилство, како и сите други кои имаат информации за насилството, да бидат одговорни и веднаш да го пријават насилството за да се спречи ескалација со трагични исходи.

Владите, министерствата и другите релевантни субјекти, како што рече, мора да обезбедат ефикасна заштита на жртвите на насилство, во делот на интервентни дејствија по поднесените извештаи, како и заштита на оние што пријавиле насилство.

Кариќ истакна дека е потребен драстично построг пристап во случај на повторување или ескалација на насилството. Таа рече дека фемицидот треба да се дефинира како посебно кривично дело. Градоначалничката посочи дека образовните и верските институции треба да го преземат својот дел од одговорноста и да посветат посебно внимание на едукацијата на младите во насока на промовирање на ненасилството во семејството и заедницата. Таа додаде дека итно треба да се преземат активности за проширување на капацитетите на затворите, со цел сите сторители на кривични дела да можат да влезат во затвор веднаш откако ќе бидат осудени на затворска казна.

Протестни прошетки се одржаа во Зеница, Мостар, Тузла и некои други градови во Босна и Херцеговина.

Денеска во Градачац се одржа погребната молитва за Низама Хеќимовиќ, а на погребот присуствуваа стотици луѓе кои дојдоа да и оддадат последна почит.  Таа во петокот беше брутално претепана, а потоа убиена од својот партнер Нермин Сулејмановиќ, кој сето тоа го пренесуваше во живо на социјалната мрежа Инстаграм. Потоа уби уште две и рани три лица. Тој се самоуби откако полицијата го лоцираше.

БиХ протести фемициди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.