НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски се заблагодари на Северна Македонија за поддршката и приклучувањето кон Декларацијата на Г7

0
By Ана Василевска on August 15, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Володимир Зеленски
Володимир Зеленски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се заблагодари на Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за поддршката за Украина и приклучувањето кон Декларацијата на Г7.

 

Благодарен сум на Северна Македонија што се приклучи кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и што стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји Украина и Северна Наледонија, напиша Зеленски на Твитер.

Во зедничката декларација ма лидерите на Г7 се наведува дека денеска ќе започнат преговорите со Киев за официјализирање на постојаната поддршка на членките на Г7 за Украина и дека тоа ќе вклучува поддршка за понатамошен развој на украинската одбранбена индустрија, обука на украинските сили, размена на разузнавачки информации и поддршка во одбраната на сајбер просторот.

Покрај тоа, членките на Г7 ќе работат на зајакнување на економската стабилност и отпорност на Украина, што вклучува обнова и закрепнување на земјата по агресијата. Истовремено, на Украина ќе и биде овозможена техничка и финансиска поддршка за сегашните потреби, поради руската инвазија, но и ќе и се овозможи да продолжи со спроведувањето на реформите.

Во декларацијата се наведува дека земјите од Г7 ја повикуваат Русија на одговорност и дека воените и другите злосторства не смеат да останат неказнети.

Во согласност со нашите правни системи, рускиот суверен имот под наша јурисдикција ќе остане недвижен додека Русија не ја плати штетата што и ја нанела на Украина, се вели во документот, додавајќи дека е неопходно да се воспостави меѓународен механизам за репарација на штети, загуби или повреди предизвикани од руската агресија.

За возврат, Украина ќе продолжи да спроведува судски, економски, безбедносни реформи, како и реформи во борбата против корупцијата, што ќе покаже дека Киев е посветен на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и слободата на медиумите.

Покрај тоа, Кијив ќе работи на одбранбената реформа и модернизација, која вклучува подобрување на ефикасноста и транспарентноста во украинскиот одбранбен сектор.

Ние, лидерите на Групата седум, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на стратешката цел за слободна, независна, демократска и суверена Украина, во нејзините меѓународно признати граници, способна да се одбрани од руската агресија, се вели во Декларацијата.

Во декларацијата уште се додава дека безбедноста на Украина е составен дел од безбедноста на евроатлантскиот регион.

Д. Мишев

Извор: Цивил Медиа

Благодарност до РСМ Војна во Украина Володимир Зеленски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.