НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовска: Влез во ЕУ за над 200.000 илјади наши земјоделски семејства да добијат милијарди евра ЕУ фондови

0
By Gabi Tocko on August 20, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еве, ако не за друго, за атер на земјоделците и домашното производство на храна, да станеме членка на ЕУ, напиша на својот фејсбук профил Ленче Николовска од Агротим.

Нашите земјоделци имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство. А се бориме на исти пазари со нивните производи. Колку и да одвојува државата од сопствен буџет нема шанси со ЕУ, затоа што таму 40% од буџетот е за поддршка на агросекторот. Единствена заедничка политика Европската Унија има за ЗЕМЈОДЕЛСТВО. Милијарди евра за земјоделското производство и руралниот развој, најмногу за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство…Во претпристапниот период Полска, Хрватска, Словенија искористија стотици милиони евра, затоа што Брисел ја подготвува државата за влезот во Унијата и инвестира таму каде што најмногу треба. А кај нас има простор. На нашата аграрна стратегија и реформа и треба финансиска поддршка. Штета е да пропуштиме шанса за над 200 000 семејства кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производството да имаат достоен живот од оваа тешка професија. Има одличен тренд кај младите, оти тие следат што се случува во светот, гледаат дека најголемите газди се оние што произведуваат храна. Зошто да одат да работат во други држави ако може овде да го модернизираат производството од своите родители или да започнат нов бизнис. За тоа треба ПАРИ, а пари за нив ЕУ издвојува во МИЛИЈАРДИ. За мене од ова поголем патриотизам нема. Не одам подалеку што значи тоа за државата, за зголемување на домашното производство, за намалување на трговскиот дефицит, за сигурноста на домашната суровина, објави Николовска.

Според неа, „тоа го знаат само луѓето што работат, за жал и оние што ставија клуч на бизнисите оти едноставно не можат да се носат со конкурентноста на европските производи“.

домашно производство ЕУ фондови земјоделци Ленче Николовска членство ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.