НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска ги поздрави поетите на отворањето на Струшки вечери на поезијата: Вашите стихови нека бидат бедемотпорни, тие сведочат за човечкото

0
By Ана Василевска on August 25, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Бисера Костадиновска-Стојчевска на Струшките вечери на поезијата
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера, на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, го отвори 62-то издание на „Струшките вечери на поезијата“. Таа го потсети поетите дека нивните стихови се бедемотпорни и сведочат за човечкото.

Министерката кажа дека Струга во својот полн сјај сведочи за визијата на големите македонски автори, кои со децении ја збогатуваат нашата култура, а „Струшките вечери на поезијата“ не се само славење на зборовите, туку и поетско рандеву кое е потврда на душата на човештвото.

„Македонскиот современ литературен јазик има збор за секоја песна, за секој стих, на сите поети од светот, за сè што е неизречено. Го има и изразот „вештачка интелигенција“, која можеби ќе напише и поема, ама никогаш нема да допре до длабоката тишина “– посочи министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа во своето обраќање рече дека ехото на Миладиновци е присутно и денес и дека од година во година е сè погласно, посочувајќи дека нашата Струга е посебно место, каде на Мостовите на поезијата се сретнуваат и Истокот и Западот и место каде што сè уште боли „Т ́га за југ“.

„Продолжи тоа ехо благодарение и на Струшките вечери на поезијата, создадени по промислата на величествените македонски современи автори чија визија нè крепи и по децении од нивното заминување“ – додаде министерката.

За нејзиниот говор главна инспирација беа зборовите на лауреатот, годинашниот венценосец, академик Влада Урошевиќ, според кој „поетот не му е должен никому ништо, освен на јазикот на кој ги создава своите дела“, со кој се согласува и министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, посочувајќи дека човештвото не може да се замисли без поезија.

Бисера Костадиновска-Стојчевска на Струшките вечери на поезијата Влада Урошевиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.