Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ-Фајон: ЕУ отвора шанса која не се пропушта, Словенија со поддршка за следниот чекор

0
By Ана Василевска on August 29, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Маричиќ-Фајон
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 29, 2023 15:30

Одлучни сме во нашата посветеност да се усогласиме со стандардите, вредностите и политиките на ЕУ и да ги направиме следните чекори за да останеме во процесот и да напредуваме во преговорите со ЕУ. Во овој сложен процес од клучно значење е да знаеме дека држава како Словенија, со силно европско искуство, ја имаме за партнер и сојузник во исполнувањето на ЕУ агендата, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на средбата со заменик претседателката и министерка за надворешни и европски прашања на Тања Фајон, одржана на маргините на Бледскиот стратешки форум.

Од средбата, како што соопшти СЕП, е испратена порака дека ЕУ создава позитивен политички моментумот кој е погоден за брз напредок на Северна Македонија на европскиот пат.

Тања Фајон ја поздрави политичката волја и заложба на македонската Влада за успех во преговарачкиот процес и искажа  охрабрување Северна Македонија да продолжи напред, и оти поддршката од Словенија останува до исполнување на стратешка цел, полноправно членство во ЕУ.

Во фокусот на разговорите беше темата за уставните амандмани, кои стојат како обврска за продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, за кои и Маричиќ и Фајон се согласија дека амандманите не се само уставни дополнувања, туку дека тие ја симболизираат нашата посветеност на забрзување на реформските процеси, европеизација на македонското општество, демократските принципи, владеењето на правото и човековите права, се вели во соопштението од СЕП.

Маричиќ и Фајот, како што се посочува, разговараа и за децениското искрено пријателство и соработка меѓу двете држави и двата народи, со кое дополнително ги унапредуваат нивните односи, придонесувајќи во промоцијата на заедничките европски вредности, особено солидарноста во справувањето со последиците од климатските промени и природните непогоди.

Вицепремиерот денеска учествува на Бледскиот стратешки форум, на панелот насловен: Збогум Европа! (?) – Глобален вазал или глобален лидер: Европа во новата геополитичка доба, на кој учествуваат и неговата словенечка колешка, Тања Фајон, Федерика Могерини, Аранча Гонзалез, Декан на Париско школо за меѓународни односи, Кристофер Смит, Заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа и Мирослав Влачовски, министер за надворешни и европски прашања на Република Словачка, информираат од СЕП.

ЕУ Маричиќ-Фајон Словенија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.