НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган ќе разговара со Гутереш за договорот за извоз на украинско жито

0
By Ана Василевска on September 5, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска најави дека ќе разговара за обновувањето на договорот за жито со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за време на Генералното собрание на Светската организација кон крајот на месецов.

Ердоган рече дека е во близок контакт со Обединетите нации во врска со заживувањето на иницијативата за извоз на украинско жито преку Црното Море.

„Би сакал да повторам дека ги цениме и поддржуваме напорите на генералниот секретар Гутереш“, додаде Ердоган во разговор со новинарите доцна синоќа во претседателскиот авион додека се враќаше од посетата на Русија.

Турскиот претседател изрази уверување дека наскоро ќе биде постигнат „добар резултат“ за заживување на Црноморскиот договор за жито, што ќе ги исполни неопходните очекувања, јави агенцијата Анадолија.

– Ревитализацијата на иницијативата е приоритет за целиот свет. Ние сме во близок контакт со ОН за ова прашање, рече Ердоган.

Тој вчера беше во еднодневна работна посета на рускиот крајбрежен град Сочи за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за регионални и глобални прашања, како и за билатералните врски. Оживувањето на минатогодишниот историски Договор за жито во Црното Море, кој помогна да се олесни глобалната криза со храна, беше главното прашање на состанокот.

Москва во јули го суспендираше своето учество во Договорот, постигнат со посредство на Турција и ОН, за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по рускатата инвазија врз Украина која почна во февруари минатата година.

Москва се пожали дека Западот не ги исполнил своите обврски за извоз на жито од Русија и дека недоволно украинско жито оди во земјите на кои им е потребно. Таа тврди дека ограничувањата на плаќањата, логистиката и осигурувањето стојат на патот на нејзините пратки.

Антонио Гутереш Извоз на жито Реџеп Тајип Ердоган
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.