НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Прекини ја нишката за прекувремена работа“ – видеоприказна за кршењето на правата на текстилните работнички

0
By Ана Василевска on September 7, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Прекини ја нишката за прекувремена работа“ e насловен еден дел од краткиот филм „Прекини ја нишката“ составен од три видеоприказни за кршење на работничките права прикажани преку бруталната реалност со која се соочуваат текстилните работнички.

Режисер, сценарист и монтажер на филмот е режисерот Ѓорче Ставрески, директор на фотографија Ѓорѓи Клинчаров, а извршна продуцентка е Ивана Шекутковска.

Краткиот филм е во продукција на раскажувачкото студио „Види вака“  и е дел од програмата „Образование низ забава“.

-Првата приказна од краткиот филм својата премиера ја имаше на медиумот Види Вака. Ова видео има цел да испрати силна порака за прекршување на работничките права во текстилната индустрија, каде на повеќе од 70 отсто од текстилните работнички не им се исплаќа прекувремената работа, велат од Види вака.

Во овој дел од краткиот филм глумат статисти, текстилни работнички и актерките Нина Елзесер – во улогата на работничката Сања и Катарина Илиевска-Силјановска – во улогата на шефицата.

-Иако краткиот филм „Прекини ја нишката“ и оваа прва приказна од тој филм го прикажува кршењето на работничките права во текстилната индустрија, наша цел е да создадеме јавен и општествен притисок со кој ќе почнеме да извојуваме победи за почитување и унапредување на работничките права не само во текстилната, туку во која било индустрија во Македонија, вели Горан Игиќ, управител и продуцент во раскажувачкото студио Види вака.

Од студиото најавуваат дека ќе продолжат да инвестираат во концептот на едукација низ забава, сметајќи го за еден од најефикасните методи на правење и градење позитивни промени во општеството.

Види Вака Текстилни работнички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.