Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува септемвриската сесија на ЕП – главен настан обраќањето за „Состојбата на Унијата“ на Фон дер Лајен

0
By Ана Василевска on September 11, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Европски парламент Стразбур
Европски парламент Стразбур
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 11, 2023 09:34

Во Стразбур денеска започнува петдневното септемвриско пленарно заседание на Европскиот парламент, во чии рамки в среда претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен пред европратениците ќе го одржи своето годишно обраќање за „Состојбата на Унијата“.

Во пресрет на обраќањето, Фон дер Лајен денеска ќе се сретне со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Последното годишно обраќање на Фон дер Лајен пред европратениците пред изборите за членови на Европскиот парламент во јуни следната година, според најавите од Еврокомисијата, ќе биде посветено на предизвиците и постигнувањата на ЕУ во изминатите 12 месеци.

ЕК во петокот објави преглед за работата и постигнувањата не Европската комисија во текот на изминатата година, кој ги опишува активностите на ЕУ како одговор на руската агресија врз Украина, напорите за намалување на енергетската зависност од Русија, постигнувањата во однос на другите политички приоритети на Комисијата и заложбите за зајакнување на просперитетот и отпорноста на Унијата преку спроведување на проектите „СледнаГенерацијаЕУ“ и „РеПауерЕУ“, како и за имплементација на Европскиот зелен договор и на програмата Европска дигитална декада. Документот содржи и преглед на ангажманите на ЕУ со нејзините партнери ширум светот, особено оние посветени на трговската агенда, како и на иницијативите насочени кон зајакнување на „столбовите на европската демократија и изградбата на Унија на рамноправност“.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, по обраќањето на Фон дер Лајен, ќе следи расправа на која европратениците ќе изнесат свои видување за состојбата во Европската унија.

Покрај претседателката на ЕК, во рамки на септемвриското заседание на ЕП, в среда пред пратениците ќе се обрати и лидерката на белоруската опозиција во егзил Свјатлана Циханускаја, по што е предвидено Европскиот парламент да гласа за резолуција со која властите во Минск ќе бидат повикани да ги ослободат сите политички затвореници и ќе биде изразена „голема загриженост поради потчинувањето на Белорусија на Москва“.

Утре, пак, пред Европскиот парламент ќе се најде предлогот на Фон дер Лајен за именување на Илијана Иванова за нов еврокомесар за иновации, истражување, култура, образование и млади на местото на Марија Габриел, која во мај се повлече од должноста за да ја преземе функцијата вицепремиер и министер за надворешни работи на Бугарија. Гласањето за именувањето на Иванова ќе се одржи откако таа минатата недела ја презентираше својата програма за работа пред членовите на комитетите за индустрија, истражување и енергетика и за култура и образование на Европарламентот, по што двете тела дадоа позитивно мислење за нејзиното назначување.

Денеска на првиот ден од заседанието, европратениците ќе дебатираат за новата легислатива за зголемување на уделот на обновливите извори во финалната потрошувачка на енергија на ЕУ на 42,5 отсто до 2030 година, како што е предвидено со Зелениот договор на Унијата и со иницијативата „РЕПауерЕУ“. Гласањето на европратениците по овој законски предлог е предвидено за утре.

Покрај за овој закон, европратениците денеска ќе расправаат и за новите правила чија цел е поттикнување на земјите членки на ЕУ заеднички да набавуваат опрема за потребите на одбраната и да ја поддржат одбранбената индустрија на Унијата. За новите правила за заедничка набавка на одбранбена опрема, европратениците ќе гласаат утре.

На вториот ден од заседанието, на неговиот дневен ред е дебатата со Европската комисијата за влијанието на украинскиот извоз на жито врз земјоделците во ЕУ, поврзана со одлуката за забрана за увоз на житни култури од Украина во Полска, Унгарија, Бугарија, Романија и Словачка, чија важност истекува на 15 септември, како и за повлекувањето на Русија од Црноморската иницијатива за житото.

Исто така утре, европратениците ќе одржат расправа за подобрување на квалитетот на воздухот во ЕУ, поврзана со предлогот за поставување построги ограничувања и целни вредности за главните загадувачи до 2030 година, со цел воздухот во Унијата да не биде штетен за здравјето на луѓето, природните екосистеми и биолошката разновидност. Гласањето за предлогот ќе се одржи в среда.

На оваа расправа, утре ќе се надоврзе и дебатата на европратениците со Европскиот совет и со Еврокомисијата за начините за поефикасна заштита на Европејците од екстремните горештини, поплавите и шумските пожари, со цел Унијата да стане поотпорна на катастрофи.

За в среда е предвидена и расправа за законот на ЕУ за критични суровини, кој има за цел да обезбеди снабдување со клучни материјали, како што се литиумот за батерии или силиконот за полупроводници, со што би се намалила зависноста на Унијата од увоз на овие суровини. Гласањето за овој законски предлог е предвидено за в четврток.

В четврток европратениците ќе расправаат и за насилството и дискриминацијата во спортот, по скандалот на финалето на Светското фудбалски првенство за жени со претседателот на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес и неговото бакнување на напаѓачката на женската репрезентација на Шпанија, Жени Ермосо. Целта на расправата е да се поттикне Еврокомисијата да предложи мерки за спротивставување на насилството и дискриминацијата во спортот.

На гласање на заседанието би можела да се најде и иницијативата за оспорување на одлуката на Европарламентот за поддршка на реформите на пазарот на електрична енергија во ЕУ предложени од страна на Еврокомисијата, доколку предлагачот, францускиот европратеник Кристоф Грудлер, успее за обезбеди поддршка од најмалку 72 пратеници за покренување на „формален приговор“ на решението.

На маргините на септемвриското заседание, претседателката на ЕП, Мецола утре ќе има билатерални средби со белгиската министерка за надворешни работи, европски прашања, надворешна трговија и федерални културни институции Хаџа Лахбиб и со францускиот државен секретар за европски прашања Лоренс Бун, а в среда и со белоруската опозициска лидерка Циханускаја, пред нејзиното обраќање пред европратениците.

Европски парламент Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.