Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дваесет и две години од нападот врз „Кулите близначки“, најголемите терористичките напади врз САД

0
By Ана Василевска on September 11, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 11, 2023 09:52

Дваесет и две години од најразорните терористички напади во историјата, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда изврши напади во Њујорк и во Вашингтон.

На денешен ден во 2001 година припадници на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони со намера да ги извршат напади врз симболите на САД. Ден два авиони во рок од 16 минути се урнаа во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк. Авион на „Американ ерлајнс“ во осум часот и 46 минути (по локално време) удри во Северната кула на комплексот Светски трговски центар. Во девет часот и три минути, исто така авион на „Американ ерлајнс“ удри во Јужната кула на Трговскиот центар.

Кулите на Светскиот трговски центар имаа по 110 ката. Во тоа време тие беа меѓу петте највисоки згради во светот. И двете се урнаа во рок од еден час и 40 минути по ударот. При уривањето, уништени или оштетени се и други околни објекти.

Во девет часот и 37 минути трет авион се урна во зградата на Пентагон во округот Арлингтон, Вирџинија. Тоа беше уште еден авион на „Американ ерлајнс“.

Четвртиот киднапиран авион се урна во Пенсилванија во 10 часот и три минути во поле во близина на Шанксвил, откако патниците ги нападнаа киднаперите. Се претпоставува дека било планирано авионот на „Јунајтед ерлајнс“ да удри во Белата куќа, односно зградата на Конгресот во Вашингтон.

Вкупниот број на жртви беше 2.996, меѓу кои 19 напаѓачи, а 25.000 луѓе беа повредени. Меѓу жртвите имапе 372 странски државјани од 102 земји.

Петнаесет од напаѓачите беа по потекло од Саудиска Арабија, двајца од Обединетите Арапски Емирати, по еден од Либан и од Египет.

Во нападот врз Кулите близначки во Њујорк загинаа 2.606 лица, меѓу кои 147 патници и членови на екипажот на авион. При нападот во Вашингтон загинаа 125 луѓе, од кои 59 лица од авионот. Вкупниот број на жртви во авионот што се урна во поле во населбата Стони Крик, во близина на Шенксвил, Пенсилванија, изнесува 40.

Неколку часа по нападите американски служби објавија дека нападите се извршени од припадници на Ал Каеда. САД потоа презеде акција наречена Војна против тероризмот. Главна цел беше соборувањето на талибанците во Авганистан, базата на Ал Каеда и апсење на нивниот лидер, саудискиот милијардер Осама бин Ладен. Тој беше елиминиран на 2 мај 2011 година во Аботабад, северен Пакистан.

9/11 Кулите близначки САД тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.