НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сарачини за „Вести плус“: Етно-национализмот е главната опасност за Македонија

0
By Ана Василевска on September 13, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пропагандата успева на тој начин што се повторува повеќепати низ повеќе канали и успева да убеди дел од населението, таа е успешна кога оперира со емоции, а не со рацио, и кога оперира со стравот како најсилна емоција, истакна Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика ИМА во вчерашното гостување во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, коментирајќи го прашањето дали е поуспешен наративот на опозицијата за неприфаќање уставни измени „под бугарски диктат“, наспроти тој на власта дека мора да се отвори на Уставот и да продолжиме кон европските интеграции.

„Мислам дека таа пропаганда дека ќе се уништи македонскиот народ, дека ќе се уништи македонскиот јазик, Македонците ќе ги нема…е природно да има успех, особено кај дел од граѓаните, коишто не се толку вични во овие политички махинации или пропаганда коишто се случуваат“, смета Сарачини.

Во одговор на новинарското прашање за напишаните пораки со говор на омраза кон Македонците и повици за убиства кај мостот „Око“ и истакнувањето на картите со „голема Албанија“, тој истакна рече дека националистите секогаш ќе ја користат секоја прилика за да создадат нестабилност, да ги подријат институциите и довербата во нив.

„Токму затоа реков, ние треба да видиме од нашите институции консолидирана, стратешка реакција, не само врз национализмот, за којшто мислам дека е главната опасност за Македонија…За таквите работи, за повици на насилство и убиство, треба реагираат надлежните органи, да ги најдат сторителите“, посочи Сарачини.

Тој рече дека на Балканот, малите народи често имаат сништа за големи држави, наместо да имаат сништа за напредок и остварување на потребите на граѓаните. Според него, тоа е најчесто инструмент на политичките елити за да го оттргнат вниманието на граѓаните од реалните проблеми и да го насочат кон некаков надворешен или внатрешен непријател.

„Ние имавме такви случаи кај нас, ги гледаме и во соседството. Албанскиот национализам, македонскиот национализам, српскиот национализам, грчкиот, бугарскиот национализам – не се повторуваат, тие се постојано присутни, постојано е агресивно. Ние можеме да речеме само дека, фала богу, за разлика од пред неколку години и инциденти по автобуси, тепачки и така натаму, сега за среќа го немаме тоа. Но тоа не значи дека тие работи не може да се појават, и тука треба да реагира најжестоко државата“, смета Сарачини.

Р.С

Етнички тензии национализам Петрит Сарачини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.