НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наградата „Ристо Шишков“ за Јордан Симонов

0
By Ана Василевска on September 14, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Јордан Симонов
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Актерот Јордан Симонов ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 31. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Тој е награден за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорд Идризи, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје.

Наградата на Симонов, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета ќе му биде врачена дополнително.

Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка Дарја Ризова, во кое покрај неа играта на актерите ја оценуваа и Иван Додовски, професор на Универзитет Американ колеџ, и Мими Таневска, професор на Факултетот за драмски уметности-Скопје.

-Jордан Симонов со внимателно избрани актерски средства, успева да оствари моќна и осмислена улога. Тој покажува особено чувство за партнерска игра и вешто го води ликот, кој во себе крие тајни, од привидна наивност до длабока перфидност. Со својата способност за трансформација, Јордан Симонов доминира на сцената, субверзивно поигрувајќи си со очекувањата на публиката, на работ меѓу комичното и неверојатното, меѓу лагата и вистината, рече Ризова.

Покрај главната награда, жири-комисијата одлучи да додели и специјална награда за млад актер како поттик новите генерации актери да го негуваат камерниот театарски израз. Наградата ја доби Даријан Петров за актерски доследен пинтеровски израз во градењето на ликот на Меккен во претставата „Роденден“ од Харолд Пинтер, во режија на Васил Христов, во изведба на Народниот театар од Штип.

Јордан Симонов Награда „Ристо Шишков“ театар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.