НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден без автомобили во Брисел

0
By Marta Pesevska on September 17, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на „Европската недела на мобилност“, што годинава се одбележува од 16 до 22 септември, денеска во Брисел се организира манифестацијата „Ден без автомобили“, при што во целиот град ќе биде забрането движење на возила, со цел да им се даде простор на локалните жители и туристите „да го откријат задоволството на пешачењето, возењето велосипед или патувањето со јавен превоз“.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, забраната за движење на возила ќе трае 09:30 до 19:00 часот, период во кој „неговото величество автомобилот“ ќе им отстапи простор на пешаците и велосипедистите да се движат слободно низ вообичаено закрчените со возила градски улици.

Во рамки на манифестацијата ќе се организираат групни возења на велосипед и улични забави во многу делови од градот, а на улиците ќе бидат поставени и штандови за храна и пијалаци.

Групни возења на велосипед ќе има на неколку траси по кои велосипедистите околу 14 часот би требало да стигнат во бриселскиот парк Порт де Нинов.

Во Куќата на активна мобилност во Етербек ќе се организира Голем саем за велосипеди, каде локалните жители ќе може да ги продаваат своите стари велосипеди. Предвидено е Саемот да  започне со бесплатен појадок.

На различни локации ќе бидат поставени велосипедски патеки за деца и детски игралишта, а ќе бидат организирани и предавања за безбедноста на патиштата и едукативни работилници за велосипедистите, на кои ќе можат да научат да заменат дупната гума, да го поправат својот велосипед или да се справат со непријатното шкрипење на синџирот.

Во мултидисциплинарниот центар  за уметност „Буршхаубург“ во центарот на Брисел во периодот од 11 до 13 часот посетителите ќе бидат послужени со пржени јајца и лубеници, а од пладне ќе може да уживаат и во музиката на уметницата Ленгелер.

На децата уште од претпладневните часови во „Буршкафе“ ќе им се нудат безалкохолни коктели, ќе може да учествуваат на работилници за танц организирани од професионален танчер, како и да се забавуваат со музиката на Ди-Џеј Мекс Даб.

Во попладневните часови на улицата „Огист Ортс“ ќе се одржи концерт на Рита Јашари и Оџу.

За време на „Денот без автомобил“ целиот регион на Брисел ќе биде забранет за движење на моторни возила. Исклучок од забраната ќе има за јавниот превоз, таксистите, возилата на службите за итни случаи и на дипломатскиот кор, како и за возачите со посебни потреби. Трамваите, метрото и автобусите на бриселскиот јавен превоз ќе возат бесплатно, а белгиската националната железничка компанија СНБЦ ќе нуди патувања до дестинации низ цела Белгија со повратен билет за цена од 8 евра.

Од безбедносни причини бриселските тунели ќе бидат целосно затворени за сообраќај, како за возила, така и за велосипедисти и пешаци.

Европската недела на мобилност е годишна манифестација што од 2002 година се организира на иницијатива на Европската комисија со цел да се промовира одржлива урбана мобилност. Секоја годишна Европската недела на мобилност се организира под специфично мото, кое оваа година гласи „Заштедете енергија“.

Извор: МИА

Брисел велосипеди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.